Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ММФ ги поздрави добрите економски политики: Мерките помогнаа да се задржи вработеноста

0
By НОВА ТВ Mitreska on December 17, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 17, 2021 13:17

„Економското опоравување се очекува да продолжи во 2022 година, кое ќе биде движено од силната домашна побарувачка. Силната поддршка преку политиките го ублажи влијанието од пандемијата врз економијата. Буџетот за 2022 година продолжува да ја поддржува економската активност и соодветно го намалува трошењето поврзано со пандемијата.

Инфлацијата ќе почне да се намалува во втората половина на следната година и ќе се стабилизира на околу 2 проценти во 2023 година и во периодот потоа“.

Ова се суштинските поенти во изјавата на Мисијата на ММФ објавена по завршувањето на консултациите во врска со член 4 од Договорот со ММФ.

Мисијата во изјавата ги препознава преземените мерки од страна на Владата за справување со пандемијата.

„Силната поддршка преку политиките го ублажи влијанието од пандемијата врз економијата. Фискалните мерки за поддршка помогнаа да се спречат големи отпуштања од работните места и да се заштитат оние кои се најранливи, додека монетарните и финансиските мерки ја одржаа кредитната поддршка за економијата“, се вели во изјавата.

Понатаму Мисијата нотира дека со Буџетот за 2022 година се обезбедуваат повеќе средства во здравствениот сектор, вклучително и средства за вакцини, а воедно се обезбедува рамка за флексибилен одговор на потребите поврзани со пандемијата.

Среднорочната фискална стратегија е клучна за обнова на фискалниот простор, при што се препорачува продолжување на напорите за фискална консолидација со што ќе се обезбеди фискален простор за одговор на идни шокови.

 Мисијата во изјавата нотира дека понатамошните подобрувања во делот на управување со јавните финансии ќе значат поддршка на планот на Владата за зголемување на инвестициите и погенерално, ограничување на фискалните ризици.

Тие го поздравуваат досегашниот напредок во обезбедувањето транспарентност и отчетност во користењето на јавните пари, со препорака истиот да продолжи.

Во однос на економските движења за наредната година се очекува вработеноста постепено да закрепнува, додека високиот раст на платите, растечките дознаки и користењето на дел од кумулираните заштеди да влијае на зголемување на расположливиот приход. Мисијата очекува солиден раст на извозот, иако, како што нотира, на истиот неповолно ќе влијаат нарушувањата во синџирот на снабдување, особено во автомобилскиот сектор, додека големата домашна побарувачка подразбира висок раст на увозот. 

Притоа се предвидува растот да се зголеми од 4 проценти во 2021 година, на 4,2 проценти во 2022 година, главно поттикнат од големата домашна побарувачка.

Економски политики ММФ Финансии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.