Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Светлана Јовановска
Некои од изјавите на Орбан и некои од неговите мерки во областа на медиумите, Уставот, итн… не ми се допаѓаат. Орбан мора да биде поодговорен како европски политичар. Нема Супермени и нема исклучоци и нема ексклузивност за него а тоа Орбан се обидува да го наметне, вели за НОВА Едвард Кукан, член на ЕПП во Европскиот парламент
Кукан: Препораката мислам дека ќе биде тука. Верувам и знам дека политичката порака за Македонија ќе биде таа која нема да ја обесхрабри Македонија на реформскиот пат и преговори.
«Вашиот шеф ве лаже», «Ова што го правите е нехумано», «Мојата религија е толерантна кон секој човек но вие, вие не ја почитувате!». Ова се слоганите на видео кампањата која веќе десетина дена може да се најде на социјалните мрежи. Во видеото млади британски муслимани пред камера и со натпис во рацете, ги осудуваат акциите на организацијата «Исламска држава» која, според нив, е многу далеку од толерантниот ислам.
Двајца Словенци ќе ги играат главните улоги во Европскиот парламент за Македонија во наредните пет години: Иво Вајгл ќе биде новиот известувач за Македонија на местото на Британецот Ричард Ховит а Алојз Петерле ќе застане на чело на Мешаниот парламентарен комитет помеѓу ЕП и македонското Собрание.
Правниците и аналитичарите дебатираат околу тоа дали Шкотска може да остане земја членка доколку се разведе од Велика Британија и жонглираат со европските правила во потрага по праведно решение. Станува ли таа ергенка или како разведена има право на други правила? Се чини дека во конечната одлука, доколку треба да биде донесена, голема улога ќе има – политиката!
Во очекување на одлуката за новите комесари во септември и начинот на распределба на портфељите, се повеќе се слуша името на Бугарката Кристалина Георгиева која би требало да биде наследничка на Кетрин Ештон. Во нејзиниот портфељ можеби ќе се најде место и за проширувањето доколку Јункер сепак не одлучи да именува политичар кој би му се посветил само на ова досие, заедно можеби со соседската политика.
Тоа што вашата земја нема свој тим во Бразил не значи дека не можете да навивате. Белгија и нејзиниот смисол за хумор ви предлагаат да ве “присвојат” во текот на Мундијалот и се надева дека утре ќе навивате за нејзината репрезентација игра со Аргентина.
Oд вчера во претседателската фотелја на ЕУ седна Италија. Премиерот Матео Ренци има намера да и даде нов имиџ: “Европа е досадна”, вели тој. И додава дека таа е преплавена од бројки и статистики и нема во себе повеќе душа која треба да и се врати.
Јункер беше избран и покрај противењето на Лондон: “Им реков на европските лидери дека за ова можеби ќе жалат цел живот”, напиша Камерон, британскиот премиер на Твитер.
Актуелната загриженост се однесува на ризикот за враќање наназад во многу области во кои порано имаше напредок. На пример, како да се подобрат слободата на медиумите и културата на медиумите, како да се обезбеди судска независност и квалитет на судството какво што граѓаните очекуваат дека треба да им се обезбеди и како да се има конструктивна политичка атмосфера. Сето ова му го објаснив на премиерот и очекувам да видам напредок.
Комесарот очекува конструктивен политички дијалог помеѓу владата и опозицијата
Ако навистина го напишеме она што се случува во секоја од земјите од регионот би можеле да напишеме цела Библија и Куран со шпекулации за настаните со прецизни имиња врзани со редица роднински врски – браќа, сестри, вујковци и огромните пари што ги примаат, велат авторите на извештајот под наслов “Кој има корист од корупцијата на високо ниво во енергетскиот сектор во југо-источна Европа?