Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Светлана Јовановска
Според последните вести кои доаѓаат од неформалната вечера на шефовите на ЕУ во Брисел, Јункер е на најдобар пат да го замени Баросо. Доколку тој стане претседател на ЕК, за Мартин Шулц најверојатно ќе биде резервирано местото за потпретседател за економска и монетарна политика.
Франција е во шок. На вчерашните европски избори екстремно-десниот Национален фронт освои 24,95 отсто гласови со што стана најсилната политичка сила во земјата.
Штефан Филе одлучи да не доаѓа во посета на македонското раководство која EK ја планираше за јуни а истовремено Комисијата засега се откажува од планот за нов политички дијалог со Македонија.
Амернис Нокшиќи-Јовановска, Висар Вишка и Драгана Лукан Николски синоќа во Туркуен, Франција со синоќа го прикажаа на сцена текстот на Мимоза Ристовска «Блескавата љубов на Марија К.С.» во режија на Нина Николиќ.
Оваа инвестиција во белгискиот печат се толкува како за заштеда за фирмата. Во Македонија “платите се 80 отсто пониски отколку во Белгија. Со време фирмата има амбиција да произведува во Македонија исто толку автобуси колку што произведува во Белгија”, пишува дневниот весник “Де Тејд”.
Во пролетната прогноза на Европската комисија (ЕК) се констатира дека Македонија имала раст на БДП од 3,1 проценти. ЕК очекува исто така дека ќе дојде до понатамошно зголемување на јавниот долг на владата. «Откако порасна за 2.0 поени во 2013 година, рациото на јавниот долг би можел да порасне за 4.8 поени во 2015 година.
Доколку бојкотот продолжи, од ВМРО-ДПМНЕ Брисел и Вашингтон ќе бараат отворање дијалог со СДСМ. На тој дијалог треба да бидат изнесени сите проблеми и сите прашања што ги отвори ОБСЕ и да се трага, заеднички, по решенија. Но сепак мали се надежите дека тоа навистина ќе се случи на начин кој ќе и подаде рака на опозицијата.
Во Белгија и во Франција насеманите лица на кандидатите за пратеници не можат да се видат насекаде туку само на определени места кои ги одредува општината. Забранета е и секаква платена политичка пропаганда на радио, ТВ, интернет или во кино како и написи во весниците кои се на било кој начин платени од партиите.
За дебатите се утврдени правила за времето за зборување и реплицирање како и тоа дали се седи или стои, кој и кога со кого ќе се ракува итн. Важно прашање на овие дебати, а важно и за првиот човек на идната ЕК, е неговото/нејзиното познавање на јазици така што секој/а кандидат/ка ќе се обиде да покаже колку јазици знае.
“На Балканот ситуацијата е експлозивна. Ако таму не помогнеме да се воспостави правна држава, тогаш големиот бандизитам, олигархијата и корупцијата ќе продолжат. И нема да може повеќе да се менаџира. Ако вака се продолжи ќе имаме таму револуција и се надевам дека нема да биде војна”, вели Жозеф Дол.
Сакам да се читаат оригиналните документи од 19 и 20 век а не нивната интерпретација. Така ќе се види што се случувало и како размислувале луѓето тогаш. Никој не сака на Македонија да и наметне некој друг идентитет и тие што се Македонци се добредојдени како такви. Но да не ја злоупотребуваме историјата според желбите на некои политички сили.
Речиси секоја сабота околу пладне, на раздвижената трговска улица Истиклал во Истанбул може да се види истата слика: група од неколку десетици жени седат на тротоарот со запалени свеќи, со црвени каранфили и со слики на повеќе десетици млади момци или мажи. Главно молчат. Од време на време некоја од нив зема збор и ја раскажува својата трагична приказна.