Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Terziova
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека политичкиот притисок и санкциите на Западот ги туркаат Русија и Белорусија да го забрзаат процесот на обединување. „Невидените политички и социјални притисоци од таканаречениот колективен Запад нè туркаат да го забрзаме процесот на обединување“, рече Путин во обраќањето на форумот Русија-Белорусија. Во 1997 година, двата словенски соседи склучија Договор за Унијата, кој беше дизајниран да врати некои од блиските врски од минатото, прекинати со распадот на Советскиот Сојуз. Но, со текот на годините, колку повеќе растеше економската зависност на Белорусија од нејзиниот многу поголем и побогат сосед, толку повеќе опаѓаше ентузијазмот на белорускиот…
Имајќи ги предвид досегашните консултации, Министерството за надворешни работи ќе ѝ предложи на Владата да го прифати предлогот на Европската Унија за продолжување на нашите европски интеграции, објави министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук. Бројните денешни консултации, според министерот, минуваат во позитивна атмосфера, во кој, како што посочува, Францускиот предлог детално се анализира. – Различните групи и поединци се фокусираат на суштински прашања кои се важни за граѓаните и за идниот процес на преговори: македонскиот јазик ќе стане официјален јазик на Европската Унија, чисто формулиран и без ниту една забелешка или објаснување наведени во преговарачката рамка; протоколот, како…
На 01.07.2022 во 01.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, жена од Скопје пријавила дека на 30.06.2022 околу 23.00 часот во двор од куќа на подрачјето на Ѓорче Петров, поради нарушени односи, била физички нападната од нејзиниот сопруг П.Т.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Доктор Калина Гривчева-Старделова попладнево доби доверба од членовите на Лекарската комора да управува со еснафското здружение уште четири години, објави „Фокус“. Д-р Гривчева-Старделова добила 51 глас, додека за нејзината противкандидатка, д-р Емилија Велкова од Институтот за трансфузиона медицина, гласале 24 членови на Комората. Според „Фокус“, за време на целата процедура, се знаело дека д-р Старделова ќе влезе во трката за втор претседателски мандат, но до последен момент не било познато името на нејзиниот противкандидат.
На аџилак годинава заминаа 919 верници муслимани од 13 муфтиства во нашава држава, изјави претседателот на Исламската верска заедница во Македонија Хаџи Шакир еф. Фетаху додаде дека авионското патување кон светите исламски места во Саудиска Арабија во Мека и Медина е реализирано последните три дена со пет авиони на Саудиска Арабија од Скопје до Џеда, пишува Радио Слободна Европа. Сите верници муслимани биле сместени без проблеми и ги започнале верските исламски обреди. Според утврдените критериуми оваа година верниците кои патуваат на хаџ не треба да бидат над 65 години, да имаат примени најмалку две вакцини против ковид и 72 часа…
Бугарскиот претседатело Румен Радев денеска му го врачи мандатот на Асен Василев, вицепремиерот и министер за финансии во оставка, за тој да ја формира новата бугарска влада. Овојпат довербата како нов мандатар ја доби Василев од неговата партија „Продолжуваме со промената“ наспроти неговиот партиски колега Кирил Петков кој досега ја имаше функцијата премиер на Бугарија. „Бугарија е во политичка, економска и социјална криза. Бугарите споделуваат легитимна загриженост за растот на цените и неизвесноста околу иднината. Од вчера имаме и надворешнополитичка криза“ – рече Радев при доделувањето на мандатот на Василев. „За мене ова е огромна одговорност. Сите сме свесни дека…
Во предлогот на француското претседателство за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ имаме чиста формулација за македонскиот јазик, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот состанок со новинарите. „Добивме чиста формулација за јазикот, без никакви додавки и објаснувања“, рече Османи. Шефот на македонската дипломатија вели дека ако Владата донесе одлука после консултативниот процес дека го одобрува пакетот, тогаш тој може веднаш да организира средба на меѓувладината комисија со Република Бугарија и да пристапат кон потпишување на протоколот. Османи нагласи дека протоколот е усогласен во МНР, но, како што вели, треба да го одобри Владата,…
Голем пожар попладнево избувнал во скопската населба Мичурин од засега непознати причини. -Пожарот избувна во барака во Мичурин. На терен интервенираа три пожарникарски возила, со осум пожарникари, иако пожарот брзо се рашири. Со брзата интервенција спречен е да се прошири на соседната барака, вели во изјава за „Локално“, командирот на Скопската бригада за противпожарна заштита Звонко Томески.
Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека Северна Македонија треба без двоумење да го прифати новиот француски предлог, кој, според него, е исто така последен, а го отвора патот за отворање на преговори за Албанија и Северна Македонија. На средба со новинарите, по Самитот на НАТО, што се одржа во Мадрид, Рама ги изнесе напорите вложени за постигнување договор со кој се отвора патот за официјалното отворање на преговорите. Цело време, додаде тој, бев во контакт со францускиот претседател Емануел Макрон, кој, според него, заслужува голема благодарност и признание, затоа што тој лично го следел овој процес 48 часа, дури…
Лара Трпческа и Ирина Давидовска се дуото кои оваа година ќе ја претставуваат Македонија на детската Евровизија која ќе се одржи во Ереван, Ерменија. Македонска радио телевизија синоќа ја објави веста дека по претходно одржана аудиција, Комисијата го избрала овој дует. „Јавниот радиодифузен сервис Македонска радио телевизија ги избра Лара Трпческа и Ирина Давидовска за претставници на Република Македонија на Јуниорски Евросонг 2022 година по предлог на Комисијата, а по претходно одржана Аудиција. Дуетот Лара Трпческа и Ирина Давидовска, поддржани од авторски тим од реномирани уметници ќе ја претставуваат Република Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2022 година што ќе се одржи…
Бугарската министерка за надворешни работи во оставка Теодора Генчовска за БГНЕС изјави дека нема нов француски предлог што се разликува од веќе одобрениот во бугарскиот парламент. На 24-ти јуни, Националното собрание гласаше за нацрт-резолуцијата со цел да се реши спорот меѓу Софија и Скопје и да се отвори патот за европската интеграција на Македонија. Нацрт-одлуката се надоврзува на предлогот на француското претседателство и се надоврзува на него за што повеќе да се заштитат бугарските интереси. Тој ги потврдува условите под кои Софија може да го поддржи процесот на европска интеграција на PM. Владата вчера ја одобри оваа одлука на бугарскиот…
Доцна синоќа, малолетник бил уапсен затоа што бил осомничен дека силувал малолетничка која била негова роднина, велат од МВР. „На 30.06.2022 околу 02:00 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода малолетник од Битола, поради сомнение дека извршил обљуба врз малолетничка од Битола – негова роднина. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.