Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Путин: Западниот притисок го забрзува процесот на обединување на Русија и Белорусија

0
By НОВА ТВ Terziova on July 1, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 1, 2022 19:20

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека политичкиот притисок и санкциите на Западот ги туркаат Русија и Белорусија да го забрзаат процесот на обединување.

„Невидените политички и социјални притисоци од таканаречениот колективен Запад нè туркаат да го забрзаме процесот на обединување“, рече Путин во обраќањето на форумот Русија-Белорусија.

Во 1997 година, двата словенски соседи склучија Договор за Унијата, кој беше дизајниран да врати некои од блиските врски од минатото, прекинати со распадот на Советскиот Сојуз.

Но, со текот на годините, колку повеќе растеше економската зависност на Белорусија од нејзиниот многу поголем и побогат сосед, толку повеќе опаѓаше ентузијазмот на белорускиот автократски претседател Александар Лукашенко за политичка интеграција.

Кон крајот на 2020 година, тој дополнително падна во прегратката на Москва откако Путин му ја даде потребната политичка и финансиска помош додека го задушуваше бранот антивладини протести предизвикани од претседателските избори кои опозицијата ги нарече наместени.

Во февруари, Лукашенко и дозволи на Москва да ја користи Белорусија како полигон за некои од руските оклопни колони кои го нападнаа јужниот сосед на Белорусија, Украина.

Минатата недела рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу рече дека двете земји треба да преземат итни заеднички мерки за зголемување на одбранбениот капацитет и борбената способност на нивните армии.

Според Договорот за Унијата, двете земји остануваат суверени, но нивните граѓани имаат право на престој и државјанство во другата земја.

Иако унијата промовира економска интеграција и гарантира заедничка одбрана во случај на напад, пред околу 20 години напорите да се создаде единствена валута наиде на пречка.

Белорусија Путин Русија Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

ВЕСТИ August 1, 2026

Илинден или Ден на Св. Илија – голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот…

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.