Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Terziova
Познатата актерка Шерон Стоун откри дека имала девет спонтани абортуси, а нејзината приказна пред јавноста ја поттикнала американската танчерка Пети Мургатројд, која неодамна објави дека изгубила бебе. – Ние жените немаме простор да зборуваме за оваа болна загуба. Тоа не е мала работа. Сепак, принудени сме да мислиме дека тоа е нешто со кое треба сами да се справиме и дека е еден вид неуспех. Изгубив девет деца со абортус – открила 64-годишната актерка Шерон Стоун. – Наместо да го добиеме толку потребното сочувство и емпатија и исцелување што ни треба толку многу, здравјето на жените е препуштено на идеологијата…
Американската Влада излезе со став во однос на неизвесноста околу започнувањето на претпристапните преговори меѓу Северна Македонија и ЕУ, а по неуспешниот Самит ЕУ-Западен Балкан неделава во Брисел. За Вашингтон, веродостојноста на перспективата за проширување на ЕУ е животно важна за стабилноста и просперитетот на Западен Балкан. -Сметаме дека кредибилитетот на перспективата на проширување на ЕУ е од животна важност за стабилноста и просперитеот на Западен Балкан, соопштија денеска за МИА од американскиот Стејт департмент. Оттаму укажаа дека продолжуваат да даваат поддршка за почеток на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија и Албанија што е можно побргу. На Самитот…
Врховниот суд на САД денеска ја поништи 50-годишната пресуда со која се легализираше абортусот во целата земја, поради што милиони жени ќе го изгубат законското право на абортус. Судот ја поништи значајната одлука во случајот Роу против Вејд, со која технички беше укинато федералното уставно право на абортус во САД. Сега државите одделно можат да одлучуваат за законитоста на абортусот. „Сметаме дека Уставот не дава право на абортус и овластувањето за регулирање на прашањето за абортусот мора да им се врати на граѓаните и нивните избрани претставници“, се наведува во соопштението. Претседателот Џо Бајден го опиша тоа како „трагична грешка“…
Главната домашна безбедносна агенција на Украина соопшти дека открила руска шпионска мрежа во која е вклучен украинскиот пратеник Андриј Деркач, кој претходно беше обвинет од Соединетите држави дека е руски агент. Службата за државна безбедност соопшти дека Деркач, чие место на живеење не е јасно, формирало мрежа на приватни безбедносни фирми за да ги искористи за да го олесни и поддржи влезот на руските единици во градовите за време на инвазијата на Москва на 24 февруари, пренесува Ројтерс. Деркач не можеше веднаш да се контактира за коментар. Тој претходно негираше дека сторил нешто лошо и рече дека бил цел на…
Фуере: Бугарските барања се навреда за македонските граѓани, напад врз душата на македонската нација
Доколку се сака решение за билатерално прашање, каде би имало балансиран пристап, но и да се земат во предвид критериумите за приклучување на Европската Унија, многу е јасно дека прашањата поврзани со јазикот, идентитетот и историјата мора да се водат во паралелен процес, порачува поранешниот евроамбасадор во Македонија, Ерван Фуере. Во вечерашното гостување на ТВ Сител, Фуере посочи дека според него, ова треба да биде исклучено, затоа што, според начинот на кој се формулирани, „тие се навреда за македонските граѓани, тие ги напаѓаат срцето и душата на македонската нација и никогаш нема да бидат дел од некоо компромисно решение”. –…
Во Хрватска се појавија нови позаразни подваријанти на омикрон и предизвикуваат значително зголемување на бројот на нови случаи на заразени во последната недела, соопшти денеска Хрватскиот завод за јавно здравје (ХЗЈЗ). Во ситуација кога се укинати сите епидемиолошки мерки, вирусот полесно се шири, а новите подваријанти Ба.4 и БА.5 поуспешно го заобиколуваат имунитетот стекнат со вакцинација, велат во ЦНИЗЗ за новото зголемување на бројот на новоинфициран.
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во своето гостување на „Топ тема“ на телевизија Телма, посочи дека денеска не добиле нов француски предлог или нацрт предлог, туку дека Бугарското собрание изгласа декларација во која што дел ги реафирмира, дел ги видоизменува или изнесува своите ставови. „Ние ги изнесовме нашите ставови на самиот Самит во Брисел и на прес-конференцијата, така што доколку врз основа на тие изнесени позиции од наша страна и од бугарска страна, успее француската влада и претседател да предложи некој нов поинаков предлог, ние ќе бидеме подготвени да го разгледаме дали овие наши барања кои…
Едно лице загина во сообраќајна несреќа кај Сокобања што се случи денеска. Несреќата се случила при судир на „рено“ со лесковачки регистерски таблички, кое се движело од правец на Ниш, со камион со шест работници. Како што дознаваат српските медиуми од местото на несреќата, „реното“ преминало на спротивната страна од коловозот и директно удрило во камионот и го исфрлило од коловозот, покрај патот. „Реното“ се превртело на покрив, а телото на починатиот се нашло до возилото. Инаку, тој од уништеното возило бил извлечен од пожарникари, кои морале да го исечат возилото. Според очевидец, во камионот имало шест работници. Некои од…
Лондон ќе биде првиот што ќе биде бомбардиран доколку дојде до светска војна, вели сојузник на Путин
Блискиот сојузник на Владимир Путин, Андреј Гуруљов, предупреди дека Лондон ќе биде првиот град што ќе биде бомбардиран во случај на нова светска војна. Гуруљов говорејќи на руската телевизија Канал 1 рече дека главниот град на Велика Британија ќе биде првиот што ќе биде погоден ако блокадата на Калининград доведе до војна. „Ќе уништиме цела група непријателски вселенски сателити за време на првата воздушна операција. Никој нема да се грижи дали се Американци или Британци, сите ќе ги гледаме како НАТО. Второ, ќе го омекнеме целиот систем за противракетна одбрана. Трето, сигурно нема да почнеме од Варшава, Париз или Берлин.…
Говорејќи за лицето кое го подметна шумскиот пожар во Мармарис, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган рече дека треба да се разговара за воведување на смртна казна за подметнувачите на пожари. „На 21 јуни 2022 година избувна шумски пожар во Мармарис. Со интервенцијата беше спречено понатамошното ширење на пожарот. Во напорите за гаснење учествуваа 15 авиони и 46 хеликоптери. Би сакал да им се заблагодарам на сите наши екипи овде за нивните напорна работа“, рече Ердоган, истакнувајќи дека нема загуба на човечки животи: „Под контрола се ставени шумските пожари во Даламан, Фетије, Кајчегиз и Сејдикемер. Во пожарот не загубивме животи.…
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека е невозможно да се нормализираат односите меѓу Европската унија и рускиот претседател Владимир Путин. Говорејќи за телевизијата Украина 24, Фон дер Лајен објасни дека санкциите воведени кон Русија го отежнуваат обновувањето на нормалните односи со Путин. Путин го обвини Западот дека ги игнорира основните принципи на светската економија, што дополнително ги влошува глобалните економски проблеми како што се намалувањето на деловната активност и зголемената невработеност.
Физичка пресметка меѓу двајца колеги во фирма од скопското село Петровец се случила вчера, а 36-годишен вработен пријавил дека го нападнала негова колешка, соопшти МВР. „На 22.06.2022 околу 12.20 часот во Полициското одделение Петровец, Б.Н.(36) од Кочани пријавил дека на своето работно место во фирма во с.Петровец, скопско, бил физички нападнат од неговата колешка К.А.М.“, се вели во полициското соопштение. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.