Блискиот сојузник на Владимир Путин, Андреј Гуруљов, предупреди дека Лондон ќе биде првиот град што ќе биде бомбардиран во случај на нова светска војна.

Гуруљов говорејќи на руската телевизија Канал 1 рече дека главниот град на Велика Британија ќе биде првиот што ќе биде погоден ако блокадата на Калининград доведе до војна.

„Ќе уништиме цела група непријателски вселенски сателити за време на првата воздушна операција. Никој нема да се грижи дали се Американци или Британци, сите ќе ги гледаме како НАТО.

Второ, ќе го омекнеме целиот систем за противракетна одбрана.

Трето, сигурно нема да почнеме од Варшава, Париз или Берлин. Прв на удар ќе биде Лондон. Кристално е јасно дека заканата за светот доаѓа од англосаксонците“, рече Гуруљов.