Author: НОВА ТВ Terziova

Стотина граѓани вечерва се собраа пред зградата на Владата на Македонија, на протест против „францускиот предлог“ за решавање на спорот со Бугарија и почнување преговори на земјава за членство во ЕУ. Граѓаните собрани пред владата велат дека „во ниеден случај не смее да биде прифатен овој предлог од Франција“. Oд Владата досега немаше конкретен коментар околу предлогот на француското претседателство со ЕУ, а премиерот Димитар Ковачевски и денеска рече дека „Владата на Република Северна Македонија формално нема добиено предлог кој е усогласен на ниво на сите 27 земји-членки“. Ковачевски повтори што треба да содржи секој предлог, за да биде прифатен…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски по реакциите на јавноста се огласи за францускиот предлог. Тој потенцира дека Владата формално нема добиено предлог кој е усогласен на ниво на сите 27 земји членки. „Каков и да биде конечниот усогласен текст на францускиот предлог, посочувам дека, за истиот да биде прифатлив за нас, клучни се следниве елементи: Чиста формулација за македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет; Историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка; Преговорите помеѓу Северна Македонија и ЕУ мора да почнат пред отпочнувањето на постапката за уставните измени за вклучување на Бугарите, Хрватите и Црногорците…

Read More

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров ги демантира пишувањата во одредени медиуми дека влегол во бизнисот со градежништво и изградба на згради низ Скопје. „Ова е апсолутна и груба лага и доколку не добијам извинување веднаш, ќе се видиме на суд. Jас сум секогаш достапен за јавноста и наместо да дозволат да бидат маша во рацете на валкани центри и да газат една благородна професија како новинарството, можат да се јават и да побараат изјава, дури и кога се работи за очигледни небулози и црна кампања, објави Димитров. Како што вели тој, за нештата што му се важни, во…

Read More

„Тоа беше најлогичното нешто да се направи денес. Задкулисните игри го покажаа своето лице“, изјави бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков, откако беше изгласана недоверба на неговата влада. „Всушност, ми беше јасно дека тоа ќе се случи. Делијан Пеевски дури денеска се појави за да притисне „против“. Она што денеска го видовме е дека има уште едно лице кое не се појавило, пратеник од Преродба, пратеник од Пловдив“, изјавил премиерот во заминување, но не сакал да го каже името. „Овие две коалиции – корупцијата и надворешните влијанија се споија во едно и станаа коалиција зад сцената“. „Направивме грешка во начинот…

Read More

Делови од Арачиново веќе три дена се без струја, а ЕВН одбива да прати екипи, со образложение дека вработените биле изложени на вербални и физички напади во селото, објави ТВ21. „Во селото Арачиново, локалните жители не и дозволуваат пристап на тимовите на Електродистрибуција и ги спречуваат да ги извршуваат своите редовни технички активности и санирање на дефекти. Поради постојаното нелегално користење струја од страна на жителите, потстаниците се преоптоварени и се случуваат големи дефекти. Исто така, оштетен е и дел од другата опрема“, велат од ЕВН за телевизијата. „Премногу често, екипите на Електродистрибуција“ се соочуваат со вербални и физички напади.…

Read More

Владата на Кирил Петков падна по гласањето недоверба во Народното собрание. Предлогот да се изгласа недоверба го поддржаа 123 пратеници во 240-члениот парламент. Ова е прво гласање недоверба на кабинетот на Петков, а го достави ГЕРБ поради економските неуспеси на владата. По изгласувањето на недовербата, Петков во своето обраќање изјави дека му е чест што бил срушен од четворката Борисов, Пеевски, Трифонов и руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова. 99. влада на Бугарија предводена од Кирил Петков беше избрана на 13 декември 2021 година од 47. Народно собрание. Пред формирањето, земјата трипати излегуваше на избори – рекорд во поновата историја…

Read More

Германскиот канцелар во Бундестагот рече дека утрешниот самит ЕУ-Западен Балкан за малку ќе бил откажан поради најавениот бојкот на Ковачевски, Вучиќ и Рама Германскиот канцелар Олаф Шолц пред Бундестагот изјави дека не е изненаден што самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел за малку ќе бил откажан поради одбивањето на лидерите на Македонија, Албанија и Србија да одат на него. Шолц пред парламентарците рече дека по толку неостварени ветувања за овие земји, не е изненадување што се случуваат такви работи. За малку немаше да се одржи утрешниот самит ЕУ-Западен Балкан. И искрен да бидам, тоа не треба никого да изненадува – рече…

Read More

Турција и Грција, кои имаат територијални спорови долги години, во последно време се почесто имаат потези и реакции кои ги затегнуваат меѓусебните односи. Најновиот територијален проблем меѓу двете земји се појави поради островите во Егејското Море. Турција ја обвинува Грција за поставување оружје на островите во близина на турската граница, додека Атина вели дека оружјето е неопходно за самоодбрана. Исто така, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ја обвини Турција за дестабилизирање на ситуацијата на Кипар. Турскиот лидер, Реџеп Таип Ердоган, пак, порача дека Грција мора да ги признае своите граници и да се придржува до нив, затоа што во спротивно Анкара…

Read More

Во саботата (18 јуни) во кафе-книжарницата Буква се одржа првиот од серијата настани посветени на поезијата под наслов „Поетска епизода #1 | Новите деца во градот“. Настанот го модерираа младите поети Ивана Јовановска и Андреј Медиќ Лазаревски, а своја поезија читаа вкупно 9 поети, некои познати, а некои помалку познати на поетска сцена во Македонија. Според Ивана и Андреј, првата епизода од серијата настани помина во одлична атмосфера благодарејќи на големиот интерес кој настанот го предизвика, како и целокупната поддршка која ја добиле, како од кафе-книжарницата Буква, така и од публиката. Првото од серијата поетски настани кои ќе се организираат…

Read More

Ф.У. (51) од Скопје пријавил во Полициското одделение Шуто Оризари дека А.О. (9) и С.Р. (12) се оддалечиле од неговиот дом. Ова не е првпат децата да се оддалечуваат од домот, а тие му биле доделени од ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата.

Read More

Британските здравствени власти ќе почнат да нудат вакцини против мајмунски сипаници за геј мажите и бисексуалците, бидејќи тие се изложени на најголем ризик да се заразат со таа болест. „Лекарите може да размислат да вакцинираат некои мажи кои се изложени на најголем ризик од инфекција“, се наведува во соопштението на Британската агенција за здравствена безбедност. Агенцијата идентификувала дека промискуитетните хомосексуалци се во најголем ризик да заболат од мајмунски сипаници. „Со вакцинирањето на ризичните групи се надеваме дека ќе го прекинеме синџирот на пренос на инфекција и ќе помогнеме да се намали епидемијата“, истакна раководителката на Одделот за имунизација во Агенцијата…

Read More

Лидерот на ЛДП, Горан Милевски вчера кажа дека за него не е прифатлив „Францускиот предлог“ за надминување на спорот меѓу Бугарија и Македонија, а денеска најави дека ќе го преиспита своето учество во Владата. За ЛДП, Демократскиот сојуз и ДОМ овој предлог не е прифатлив и Милевски кажа дека ќе ја напуштат Владата доколку истиот биде прифатен. „Најпрво сме разочарани затоа што сме од иста Влада. Вакви предлози требало да се искомуницираат меѓу партиите. Ако тие мислат дека не сме важен фактор, тогаш се излажале. Ако Владата го прифати овој предлог, моето место нема да биде во таква Влада. Не…

Read More