Владата на Кирил Петков падна по гласањето недоверба во Народното собрание. Предлогот да се изгласа недоверба го поддржаа 123 пратеници во 240-члениот парламент.

Ова е прво гласање недоверба на кабинетот на Петков, а го достави ГЕРБ поради економските неуспеси на владата.

По изгласувањето на недовербата, Петков во своето обраќање изјави дека му е чест што бил срушен од четворката Борисов, Пеевски, Трифонов и руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова.

99. влада на Бугарија предводена од Кирил Петков беше избрана на 13 декември 2021 година од 47. Народно собрание. Пред формирањето, земјата трипати излегуваше на избори – рекорд во поновата историја на Бугарија.