Author: НОВА ТВ Terziova

ССМ потсетува дека до сите координатори на пратенички групи во Собранието достави предлог амандман кој значи да се зголеми основната нето плата на вработените во органите на државната и на локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со закон и – институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, армијата, полицијата како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од…

Read More

Во градинката “Мајски цвет” во Карпош, Тафталиџе2  за време на викендот што измина таванот паднал, но за среќа немилиот настан се случил кога градинката била празна и без дечиња. Нема повредени, ниту пак жртви. На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од детската градинка  каде според нив може да се види дека паднал дел од плафонската конструкција. Се обидовме да побараме повеќе информации, но нашето барање остана без успех од страна на официјалните лица. Тие најавија дека наскоро ќе има изјава од директорот на градинката.

Read More

Жителите на Киев беа во толпа во саботата за да го искористат максимумот од температурите од 34 степени, при што стотици уживаа во сончевите зраци на централната плажа на градот – само неколку недели откако главниот град на Украина беше под опсада на руските војски и ракетни напади срамнија згради и убиваа цивили. Сликите од бреговите на реката Днепар што минува низ Киев покажуваат луѓе како лежат на сонце, пливаат во вода и играат одбојка, а хоризонтот на градот се гледа преку реката. На почетокот на оваа година, на истиот поглед на градот можеше да се види чад што се…

Read More

Регулаторната комисија за енергетика денес ќе одлучува за цените на нафтените деривати. Со последната одлука на РКЕ, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на Мазутот М-1 НС не се променија. Зголемување имаше кај цената на дизелот кој поскапи за 2,50 денари за литар, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголеми за 3,00 ден/лит. Ова се актуелните цени на горивата: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 110,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 112,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 104,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 102,50…

Read More

Одлуката на Алжир да го суспендира билатералниот договор за пријателство со Шпанија минатата недела не беше изненадувачка бидејќи земјата се повеќе се усогласува со Русија, изјави шпанската министерка за економија Надија Калвино. Калвино рече дека забележала растечко зближување меѓу Алжир и Русија на пролетниот состанок на Меѓународниот монетарен фонд пред неколку недели. „Тогаш видов дека Алжир се повеќе и повеќе се усогласува со Русија, така што оваа (одлуката за суспендирање на договорот) не ме изненади“, рече Калвино во радио интервју за Радио Каталонија.

Read More

Двајца министри од партијата „Има таков народ“ – министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и министерот за енергетика Александар Николов денеска ќе поднесат оставки, јави агенцијата БГНЕС. Според Слави Трифонов, кој ги повлече министрите на „Има таков народ“, има две причини за распадот на четирикратната коалиција – темата Република Северна Македонија и непочитувањето на коалицискиот договор и тоа што Трифонов повеќе нема пари во земјата. Тој ја оцени како погрешна и штетна финансиската политика што ја водат министерот за финансии Асен Василев и премиерот Кирил Петков. Според шефот на дипломатијата, нејзината оставка била политичка одлука на партијата ИТН која ја…

Read More

Од вчера во 17 часот во прекин е железничкиот сообраќај на релација Куманово-Табановце и Скопје-Белград, поради проблеми на електричната инсталација. Според информацијата од Македонски Железници, поради падната гранка на контактна мрежа и немање напон во истата од 17 часот, железничкиот сообраќај од Куманово до Табановце и од Куманово до Република Србија не се одвива.

Read More

Д-р Марија Ралева член и редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје на Катедра за психијатрија и медицинска психологија и дел од Клиниката за психијатрија во отворено писмо до медиумите го споделува својот став за состојбата на Факултетот и во здравствените установи. Во врска со пензионирањето на здравстевените работници кои навршуваат 64 години, а меѓу нив и голем број професори на Медицинскиот факултет при УКИМ, вели дека тоа ја прелило чашата во долготрајниот процес на уништувањето на јавно здравствениот систем и најстариот универзитет во земјава. – Универзитетот би требало да биде независен од политиката, но долги години наназад се случува…

Read More

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ повеќе не е најдобар тенисер на планетата откако и официјално му беа одземени бодовите од минатогодишниот Ролан Гарос. Ѓоковиќ досега на врвтот на АТП листата бил рекордни 373 недели. Првото место повторно го зазеде Данил Медведев, кој ја започна четвртата недела во кариерата, како светски број еден. Рускиот тенисер има 7.950 поени. Прв пат во кариерата на второто место се наоѓа Германецот, Александар Зверев со 7.075 поени. Ѓоковиќ е трет со 6.770 бодови, а четврти е актуелниот шампион на првите два Грен слем во сезоната Рафаел Надал со 6.525. Благодарение на пласманот во финалето на Ролан…

Read More

Внимателност и упорност во процесот на реформите во правосудството се клучни за граѓаните. Ова е пораката што вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ ја испрати во видеообраќање на европскиот Самит за дигитализација, на тема „Придобивките од четвртата индустриска револуција како механизам за враќање на довербата во судството“. Во своето обраќање, Маричиќ истакна дека дигитализацијата на судството и употребата на вештачка интелигенција во судскиот систем не е веќе прашање на избор, туку на неминовност и мора да биде приоритет во реформите во правосудството. – Со првите опремени судници и овозможувањето на судења на далечина, создадовме услови за сите учесници во судските…

Read More

Украина воспостави две рути за извоз на жито, преку Полска и Романија, со цел да ја спречи светската криза со храна, изјави помошникот на шефот на украинската дипломатија Дмитро Сеник, пренесе агенцијата Ројтерс на својата веб-страница. На безбедносниот форум „Дијалог Шангри Ла“ во Сингапур, Сеник рече дека глобалната безбедност на храната е загрозена бидејќи руската инвазија го запре украинскиот извоз на жито од Црното Море, што предизвика општ недостиг и скок на цените. Пред руската инвазија, Украина беше најголемиот светски производител на сончогледово масло и еден од главните извозници на пченица, додека оваа година милиони тони жито останаа во украинските…

Read More

Во првите 100 дена од војната во Украина, Русија заработила 93 милијарди евра од извозот на фосилни горива, а најголем дел од нив биле испратени во Европската унија, додека просечната извозна цена била за околу 60 отсто повисока од минатата година, пренесува АФП. Според извештајот на Независниот центар за истражување на енергија и чистота на воздухот во Финска, дури 61 отсто од рускиот извоз на фосилни горива отишол во Европската унија. Најголеми поединечни земји кои увезуваат руски фосилни горива се Кина (12,6 милијарди евра), Германија (12,1 милијарди евра) и Италија (7,8 милијарди евра), според извештајот објавен од АФП. Најголем дел…

Read More