Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ повеќе не е најдобар тенисер на планетата откако и официјално му беа одземени бодовите од минатогодишниот Ролан Гарос. Ѓоковиќ досега на врвтот на АТП листата бил рекордни 373 недели.

Првото место повторно го зазеде Данил Медведев, кој ја започна четвртата недела во кариерата, како светски број еден. Рускиот тенисер има 7.950 поени. Прв пат во кариерата на второто место се наоѓа Германецот, Александар Зверев со 7.075 поени.

Ѓоковиќ е трет со 6.770 бодови, а четврти е актуелниот шампион на првите два Грен слем во сезоната Рафаел Надал со 6.525.

Благодарение на пласманот во финалето на Ролан Гарос, најдобриот пласман во кариерата, оваа недела го има Каспер Руд. Норвежанецот со 5.050 поени е петти во светот.

Следуваат Стефанос Циципас со 4.945, Карлос Алкараз (4.893), Андреј Рубљев (4.125), Феликс Оже-Алијасим (3.895) и Матео Беретини (3.570).