Author: НОВА ТВ Terziova

На 07.07.2022 околу 00.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на сервисната улица која ги поврзува ул.„Јордан Мијалков“ и ул.„Македонија“, патничко моторно возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(20) од Скопје, удрило во пешакот С.Б.(31) од Скопје, информираа од МВР. По несреќата, Н.М. го напуштил местото, но набргу потоа бил пронајден и приведен. По несреќата, С.Б. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Read More

Од Министерството за внатрешни работи вечерва се јавија со реакција по повод тврдењето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека при појавувањето на вооружени лица полицијата ја немало на потребното место. „МВР целосно ги демантира тврдењата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека полицијата не била присутна и не реагирала при инцидентот кај споменикот Скендербег. Напротив, полицијата беше на лице место, во истиот момент реагираше и го спречи насилството, а едно лице веднаш беше приведено кое е осомничено за пукање од огнено оружје. За време на протестите полицијата е целосно на ниво на задачата и апелираме партиите да престанат  со…

Read More

“Вечерва во 20.10 часот пред банка спроти споменот Скендербег, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Е.Ј.(40) од Скопје, кој претходно испукал со пиштол во воздух, додека група демонстранти, кои се движеле на потегот кон Министерството за надворешни работи, го нарушиле јавниот ред и мир со фрлање со камења кон група граѓани”, соопшти МВР. Е.Ј. е приведен во полициска станица, а на местото се пронајдени чаури. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. https://novatv.mk/litseto-koe-mitskoski-go-posochuva-deka-se-obidelo-da-go-ubie-e-privedeno-velat-od-ministerstvoto-za-vnatreshni-raboti/?fbclid=IwAR2WwKGMpGnSPwMXc-5VCNX5eSVWhfdjOgmqpEorJqLSPkDkB7RKCOrvxQ0

Read More

„Добивам информации за моја елиминација која ја нарачува власта но не придадов значење. Вечерва видов две лица со огнено оружје кои се обидоа да го направат тоа, а полиција немаше”, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашната прес конференција. „Ваквото сценарио го најави власта. Министерот за надворешни работи Бујар Османи најави дека ќе има меѓуетнички тензии ако не поминел предлогот кој содрши асимилација и бугаризација”, рече Мицкоски упатувајќи обвинувања за ситуацијата кон премиерот Ковачевски и министерот Спасовски. „Немојте да се обидувате да кажувате дека луѓето кои го направија ова вечерва се припадници на една или друга политичка опција, тие…

Read More

Ситуацијата за време на протестот што со одржува под мотото „Ултиматум – Не благодарам“ вечерва ескалираше пред Собранието. Како што јавуваат репортерите на МИА од теренот, кон полицискиот кордон што ја обезбедува собраниската зграда беа фрлени димни бомби, петарди и шишиња. За МИА од МВР потврдија дека се повредени двајца полициски службеници кои се хоспитализирани. На собирот се појавија лица со „фантомки“ кон кои се стрчаа дел од учесниците на протестот и почнаа да ги бркаат. Неофицијално учесниците на протестот фатиле двајца од нив, но не им дозволуваат на медиумските работници да се доближат. Според полицијата, приведено е и едно…

Read More

Лицето кое лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го посочува дека се обидело да го убие е приведено во полициска станица, изјавија од МВР за МИА. Од МВР велат дека засега немаат дополнителни информации за случајот. Мицкоски на Фејсбук вечерва објави фотографија на која се гледаат неколку лица, посочувајќи дека едниот од нив требало да го убие. – Ова е човекот кој требаше да ме убие вечерва. Барам итно да биде приведен од Спасовски и МВР, наведе Мицкоски во објавата. Мицкоски вечерва учествува на протесниот марш што со одржува под мотото „Ултиматум – Не благодарам“, кој започна пред Владата, од каде…

Read More

Како што Северна Македонија, како што вие, ќе продолжите да се искачувате по ридот кон посигурна евроинтегрирана иднина, ќе мора да се соочите и со тешки предизвици. Дилемите што тие ги создаваат се единствени за вашата држава и вашето патување, но во соочувањето со нив не сте сами. САД се со вас на тоа искачувње, порача вечерва американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз на свеченоста во Американската амбасада по повод 246-годишнината од независноста на САД. Во присуство на претставници на државниот врв, политичките партии, граѓанскиот сектор, медиумите Брнз порача дека како што двете држави ќе се соочуваат со нови…

Read More

Секако дека следам што се случува, но не би сакал да се мешам, мислам дека и Македонија и Албанија заслужија преговори со Европска Унија и исполнување на се што бараат, порача претседателот на Србија Александар Вучиќ во вестите на ТВ Сител. „Не можам да кажам дали предлогот е добар или лош. И Бриселскиот договор не го сакаа тогаш кај нас во Србија, па ете сега најмногу се потпираме на него. По него двојно ги покачивме нашите плати, добивме огромен број инвестиции. Дали е се сјајно и убаво во предлогот, секако дека не е. Ништо не е лесно и убаво. Но…

Read More

Околу 19:30 часот насобраните демонстранти пред Владата се упатија кон Министерството за надворешни работи (МНР). На раскрсницата, откако го минаа мостот „Гоце Делчев” и подземниот премин кај поранешната стоковна куќа „26 јули“, во моментите кога вртеа кон МНР, наидоа на група од 20-тина момчиња кои од правец на старата скопска чаршија почнаа да фрлаат со тврди предмети, камења и шишиња кон демонстрантите. Демонстрантите застанаа на околу 150 метри пред зградата на Министерството за надворешни работи, при што 20-30 лица возвратија со камења. Веднаш интервенираше полицијата при што ги раздвои двете групи. Пред Министерството за надворешни работи демонстрантите им фрлаа и…

Read More

Општина Тетово поднесе уште една кривична пријава за злоупотреба на службената положба против поранешната градоначалничка Теута Арифи. Oва е четврта тужба против екс градоначалничката. Ја обвинуваат за оштетување на буџетот на општината за над 66 милиони денари. Од локалната власт истакнаа дека тужбата е поднесена под сомнение за прекршување на Законот за работни односи, Законот за управување со буџетски книги и корисници на буџетот. Претходно, општината Тетово побара од сите вработени кои склучиле договор со општината писмено да одговорат за работата што ја извршувале.

Read More

Претседателот на БЕСА и градоначалник на Тетово, Билал Касами денеска изјави дека е неприфатливо да се организираат насилни протести и повика на смиреност. Тој порача дека треба да имаме повеќе доверба во предлозите што ни доаѓаат од ЕУ. -Прифатлив е секој предлог кој доаѓа од ЕУ и Париз. Повик до сите граѓани дека ако веруваме во европските вредности тогаш треба да ги прифатиме предлозите кои доаѓаат од нив, да го решиме проблемот и кога ќе бидеме дел од ЕУ ќе имаме повеќе можности согласно тие стандарди за човековите права, рече Касами.

Read More

На 06.07.2022 во 00.15 часот во Полициската станица Центар, К.К.(30) од Скопје пријавил дека на 05.07.2022 во 23.30 часот во близина на угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат со тврд предмет од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Read More