Author: НОВА ТВ Terziova
Европратеникот Андреј Ковачев, потпретседател на Европската народна партија и еден од големите познавачи на бугарско-македонските односи во интервју за БГНЕС ја коментираше претстојната посета на претседателот Румен Радев и премиерот Кирил Петков во Франција. Таму се очекува да го одобрат предлогот на претседателот Макрон за укинување на ветото за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. „Можеме да гарантираме само доколку нашите точки од Рамковниот став и Декларацијата на бугарскиот парламент, како и елементите на Договорот за пријателство и добрососедство бидат вклучени во преговарачката рамка што треба да ја усвојат сите земји-членки“, рече бугарскиот европратеник. Ковачев истакна дека од…
Загина брачен пар од Штип во тешка сообраќајка што се случи синоќа кај штипската населба Македонка. При судир на две возила, „југо“ и „опел астра“, на лице место починале возачот, 68-годишниот Г.П. и 62- годишната сопатничка Ј.П.. Автомобилот „опел астра“ го управувало 20-годишно момче од Штип, кое здобило телесни повреди. Портпаролот на СВР – Штип, Гордана Панојотова потврди дека се случила несреќа во која, како што рече, има две жртви. Увидот треба да утврди кои се причините за сообраќајката која се случила синоќа во 23.20 часот. Ова не е прва несреќа на овој потег на улицата „Брегалничка“ која води до…
Новото федерално министерство на Австралија денес положи свечена заклетва, при што премиерот Ентони Албанез назначи рекорден број жени во разновидниот тим во кабинетот кој вклучува верски малцинства и домородните Абориџини, пренесува Ројтерс. Вкупно 10 жени беа вклучени во 23-члениот кабинет на Албанез, надминувајќи ги седумте во претходната либерално-национална коалициска влада предводена од Скот Морисон. Министерот за индустрија Ед Хусиќ и министерката за млади Ен Али станаа првите муслимански федерални министри на Австралија на церемонија во националниот главен град Канбера, додека Линда Барни, облечена во наметка од кожа од кенгур, стана првата жена Абориџина која ќе служи во министерството за домородните…
Граѓаните што имаат квалификации, знаење, па и желба да станат директори, сега имаат шанса да се обидат да го постигнат тоа. Град Скопје распиша јавен конкурс за избор на директори на шест јавни претпријатија од вкупно осум кои се во надлежност на градот. Оттаму велат дека ова се прави во согласност со законските прописи, кои меѓу другото пропишуваат дека функцијата вршител на должност, односно в.д. директор може да се извршува најдолго шест месеци. Во моментов во тек се конкурси за избор на директори на јавните претпријатија „Градски паркинг“, „Паркови и зеленило“, „Улици и патишта“, „Водовод и канализација“, „Дрисла“ и „Лајка“.…
Од денеска престануваат да важат дел од антикризните мерки што Владата ги воведе во март со цел ублажување на последиците од енергетската криза и заштита на стандардот на граѓаните. Основните прехранбени продукти повеќе нема да се продаваат со нула проценти ДДВ, а од денес се враќа и ДДВ-то за бензините на 18 проценти. Во изминатите три месеци, ДДВ-то за лебот, брашното тип 400, сончогледовото масло за јадење, трајното млеко, оризот и јајцата беше намалено од пет на нула проценти, а на предлог на Министерството за економија беше донесена и одлука за намалување на трговските маржи.Како дел од 26-те антикризни мерки…
За евентуалната ЕУ перспектива на Украина и Молдавија, меѓу другото, говореше грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на дискусија во рамките на 27-от Конгрес на Европската народна партија во Ротердам, каде што истакна дека сепак не смее да се попречи редот, да не се заборави Западен Балкан, посочувајќи дека прв приоритет е решавање на прашањето меѓу Северна Македонија и Бугарија за да започнат преговорите со ЕУ. Мицотакис објасни дека за еден месец ќе се одржи дебатата за идното членство на Молдавија и Украина во Европската унија, потенцираше дека дискусијата „нема да биде лесна, бидејќи веќе чувствуваме дека има различни ставови во Европскиот…
Турската полиција се судри со демонстрантите во близина на главниот плоштад во Истанбул, Таксим, по повод годишнината од антивладините демонстрации пред девет години и приведе 170 лица. Околу илјада луѓе во близина на плоштадот Таксим носеа слики од осудените на затворски казни, а толпата што се упати кон плоштадот Таксим беше блокирана од полицијата која носеше штитови и фрлаше солзавец, пренесе „Ројтерс“. „Ердоган ќе си замине. Нема друго решение“, скандираа демонстрантите.
Националниот статистички систем во Република Северна Македонија и Државниот завод за статистика како негов координатор денеска ќе ја одбележат 77-годишнината од своето постоење. Како што информираат од ДЗС, во рамки на одбележувањето на овој значаен датум ќе биде објавен нов сет на податоци од Пописот 2021 – податоци за образовните карактеристики на резидентното население во Република Северна Македонија, како и податоци за неговата економска активност. Во овој сет на податоци ќе бидат објавени и податоците за попреченоста на населението. Податоците ќе бидат достапни во Макстат базата (линк). Како дел од одбележувањето на Денот на македонската статистика денеска во 12 часот,…
Неочекувано, вчера од Софија беа лиферувани три информации во однос на ветото кон Македонија, кои во Скопје останаа без позначајна реакција. Првата информација е безмалку сензационална и прилично загрижувачка. Бугарскиот државен врв, ќе ја посети Елисејската палата за наводно да го видел и одобри планот на Макрон за укинување на ветото за почеток на преговори на Македонија со ЕУ. Конотацијата со која бугарската новинска агенција БГНЕС ја објави информацијата повикувајќи се на „различни но добро упатени извори“, е дека Бугарија има целосна контрола над преговорите, над францускиот претседател Емануел Макрон, и бездруго над целиот Балкан, штом и се отворени вратите…
Германскиот демохристијанин Манфред Вебер на синоќа одржаниот конгрес во Ротердам со поддршка на 89 отсто од гласовите беше избран за претседател на Европската народна партија, најсилната политичка групација во Европарламентот. „Ние сме камен-темелник за безбедноста и иднината на Европа”, рече Вебер во обраќањето по објавувањето на резултатите. „Ние ѝ требаме на Европската унија”, додаде Вебер кој е долгогодишен член на баварската Христијанско-социјална унија. Новиот партиски лидер смета дека во време на економска криза и војна на границите на ЕУ, Европската народна партија ги нуди најдобрите решенија за европските проблеми. Тој ги критикуваше Левицата и десните популисти заради нивната погрешна политика…
Индија доби 34 милиони барели руска нафта по намалена цена од февруари, што е повеќе од 10 пати поголема од вредноста на вкупниот годишен увоз на Индија од Русија, објави Ројтерс, повикувајќи се на податоци од компанијата за собирање и дистрибуција на финансиски информации Refinitive Icon. Се наведува дека во Индија овој месец биле испорачани повеќе од 24 милиони барели руска нафта, наспроти 7,2 милиони барели во април и околу три милиони барели во март. Според податоците, таа јужноазиска земја во јуни од Русија ќе добие околу 28 милиони барели нафта. Минатата година, извозот на руска сурова нафта во Индија…
Град Скопје ги информира граѓаните дека од утре, 01.06.2022 година, ЈП Градски паркинг започнува со летно работно време на јавните површини наменети за паркирање во зоните А,Б,Ц и Д. Паркирањето во зоните А,Б,Ц и Д ќе се наплаќа од понеделник до сабота од 07 до 23 часот. Град Скопје им препорачува на сите корисници на услугите за паркирање на ЈП Градски паркинг навремено да вршат плаќање за паркирањето на зоните, согласно со наведеното време на информативните табли, за да не бидат санкционирани.