Author: НОВА ТВ Terziova
Русија мора да биде поразена во Украина или конфликтот во таа земја ќе предизвика Трета светска војна, изјави денеска Михаил Подољак, украинскиот преговарач и советник на украинскиот претседател Владимир Зеленски. Во интервју за украинската телевизија, Подољак предупреди дека „рускиот реваншизам и шовинизам само ќе нараснат“ доколку Русија ја загуби војната во Украина. „Тоа ќе доведе до Трета светска војна, а тоа е нешто за што западните земји се свесни и затоа ќе испратат повеќе оружје во Украина“, рече Подољак.
Околу 21.45 часот на 26.05.2022 полициски службеници ги привеле Х.А.(23) од с.Патишка река, скопско и А.С.(23) од Скопје. „Тие се сомничат дека физички го нападнале Б.З.(35) од Скопје и со употреба на сила го внеле во возило „мерцедес“, по што му упатувале закани, поради наводен долг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од полицијата. Полицијата работи на решавање на случајот.
Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, кој во изминатите недели беше постојано во фокусот на медиумите поради останувањето на функцијата во руска компанија, сега стана мета на кражба. Пет уметнички слики од приватниот имот на Шредер исчезнаа од зградата на германскиот Бундестаг, каде тој има канцеларии. Украдени се дела на уметникот Увер Бремер и еден неименуван кинески уметник. Тие уметнички дела цели 16 години го красат јавно достапниот простор пред канцеларијата на Шредер, пишува магазинот „Стерн“. Бундестагот го потврди исчезнувањето на сликите, како и дека Шредер во понеделникот поднел кривична пријава против непознати лица. Од Бундестагот посочуваат дека ваквите кражби се…
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.062 тестови, а регистрирани се 109 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 77, Битола – 14, Охрид – 6, Прилеп – 3, Штип и Берово – по 2, Куманово, Тетово, Кавадарци, Струга и Виница – по 1. Од вкупниот број на позитивни (109), регистрирани се 14 реинфекции. Регистриранo e 91 оздравен пациент од: Скопје – 67, Битола – 10, Прилеп – 3, Кавадарци – 2, Охрид, Штип, Куманово, Кочани, Неготино, Свети Николе, Крива Паланка, Делчево и Дебар – по 1. Во текот…
Случајот со плацовите за ЕВН според СДСМ, водел кон ВМРО – ДПМНЕ и се сомневаат дека со парите кои ги добиле осомничените, се финансирала и партијата. ВМРО ДПМНЕ ги отфрла ваквите обвинувања и бара секој кој се огрешил пред законот, да одговара. „Еден од осомнитечните е телохранител на Мицкоски, извесен Влатко Илиевски, со Договор вреден неверојатни 500.000 евра или половина милион евра. Јавно достапните информации во медиумите покажуваат дека на крајно сомнителен начин продал парцели од речиси 40.000 метри квадратни. Но, тој не ги купил туку ги добил на подарок. Осомничен за кривично дело „измама во службата“ е и Игор…
Ендрју Флечер, клавијатуристот и еден од основачите на „Депеш мод“, почина на 60 години, објави групата на социјалните мрежи. „Шокирани сме и исполнети со огромна тага поради прераното заминување на нашиот драг пријател, член на семејството и колега Енди ‘Флеч‘ Флечер. Тој имаше вистинско срце од злато“, објави групата. Флечер е роден во Нотингем во 1961 година и се преселил во Бејзилдон на крајот на 1970-ите, каде што ја формирал групата „Композишн оф саунд“ со Мартин Гор и Винс Кларк. По ангажманот на пејачот Дејв Гахан, групата го промени името во „Депеш мод“, која стана еден од предводниците на електронската…
Седумината осомничени за случајот ,,Делчевски ниви” се уапсени и однесени во полициска станица, откако денеска Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против нив за продажбата на парцели на ЕВН во Делчево за изградба на фотонапонски централи. Седумтемина, од кои двајца управители во ЕВН, биле роднински и пријателски поврзани. Како што дознава ,,Фокус”, осомничените најверојатно утре ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, а засега е непознато дали обвинителството ќе бара притвор. Според Управата, осомничените успеале да убедат сопственици на приватно земјиште во Делчево да им биде откупен имотот по одредена цена, но да се согласат во документите да стои…
Швајцарскиот фармацевтски гигант „Рош“ објави дека развил ПЦР тестови за откривање на вирусот на мајмунски сипаници, откако се појавија неколку случаи во региони во светот каде болеста не е честа појава. Тестовите развиени од „Рош“ не се наменети за пошироката јавност, туку се достапни за истражување во поголем дел од светот. Тестовите беа развиени од филијалата на „Рош“ TIB Molbiol, како одговор на случаите на инфекција со мајмунски сипаници кои неодамна предизвикаа загриженост, се вели во соопштението.
Вечерва околу 19 часот на автопатот Тетово-Гостивар тешко е повреден жител на Жетовјане, откако излетал со возилото од коловозната лента. Инцидентот се случил кај клучката за Жеровјане, а при тоа возилото удрило во бетонски столб. -Патничко моторно возило „фолксфаген голф“ со тетовски регистарски ознаки управувано од И.А.(49) од Жеровјане изгубило контрола и излетало од коловоз. Во несреќата, возачот И.А., кој бил сам во возилото, здобил тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид врши екипа од СВР Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. За да се извлече повредениот од возилото биле повикани пожарникари…
„Да бев во позицијата да им кажам дека платите може да се зголемат за 30 отсто и повеќе, тоа ќе беше хит и за граѓаните и за стопанството“, рече министерот за финансии Фатмир Бесими, во вечерашната емисија „Вин-вин“ на телевизија Телма. Тој вели дека сепак, за да растат платите во една економија, треба да има поголема продуктивност. „Тие платите ги добиваат од даноците и од стопанството. Мора да расте продуктивноста на економијата за да има повеќе приходи и јавниот сектор да биде поефикасен во услугите и исто така да го следи раст на пари во приватниот сектор. Нема магија. За…
Сопругот на Ирма Гарсија, една од двете учителки убиени во масакр во училиште во Тексас, почина од срцев удар. Информацијата на Твитер ја објавил нејзиниот внук, а веста ја пренесоа американските медиуми. https://twitter.com/fuhknjo/status/1529870121023557632?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1529870121023557632%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fvijesti%2Fclanak%2Fmuz-uciteljice-ubijene-u-masakru-u-teksasu-umro-od-srcanog-udara%2F2367422.aspx “Со длабока тага морам да ви кажам како од тага почина сопругот на тетка ми Ирма, Џо Гарсија. Немам зборови да опишам како се чувствуваме, молете се за нашето семејство. Боже, помилуј нè, ова не е лесно”, напиша Мартинез. Гарсија отишол да и остави цвеќе на својата трагично почината сопруга. Кога стигнал дома, само паднал. „Мојата тетка Ирма и Џо Гарсија се заедно од средно училиште и…
Во потрагата по Петар Џобески која се одвиваше во лоши зимски услови беа вклучени голем број на екипи, но тој не беше пронајден. Пријава за исчезнато дете ги вознемири македонските граѓани на 25-ти февруари годинава. Златокосото момче од мариовско исчезна без трага на своја 10-годишна возраст. Петар е дете со посебни потреби и тешко комуницира со други луѓе. „Земен е Петар од некого, на тоа се сомневаме, како инаку да не може да се најде цели три месеци? Нам никој ништо не ни кажува, на почеток кога исчезна не испрашуваа, сега веќе никој не не бара, раскажува за Фокус Стојо…