Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бесими: Нема магија, за да да растат платите, треба повеќе продуктивност во економијата

0
By НОВА ТВ Terziova on May 26, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 26, 2022 21:26

„Да бев во позицијата да им кажам дека платите може да се зголемат за 30 отсто и повеќе, тоа ќе беше хит и за граѓаните и за стопанството“, рече министерот за финансии Фатмир Бесими, во вечерашната емисија „Вин-вин“ на телевизија Телма.

Тој вели дека сепак, за да растат платите во една економија, треба да има поголема продуктивност.

„Тие платите ги добиваат од даноците и од стопанството. Мора да расте продуктивноста на економијата за да има повеќе приходи и јавниот сектор да биде поефикасен во услугите и исто така да го следи раст на пари во приватниот сектор. Нема магија. За да има повисока плата мора да има поголема продуктивност во економијата. Кога зборувам за буџетски средства. Тука има економско-оцијален дијалог. Владата досега, барем оваа година покажа голема кооперативност. Тоа е отворена тема, затоа кажав дека јас не сум адресата. Министерството за финансии кажува само дали тие политики можат да се вклопат во еден одржлив буџет“, образложи Бесими.

Според Бесими, сѐ што се случува на европските пазари се пренесува кај нас, зашто имаме фиксен девизен курс во однос на еврото.

„Учеството на прехрамбените производи кај нас е повеќе од 50%. Тоа дополнително влијае врз инфлацијата. Па оттука во четири месечниот период, просекот на инфлација од 8,4%. со тоа што април надмина 10%, тука гледаме дека учеството на прехрамбените производи е над 18%, 29% се цените на нафтените деривати. Со мерките кои ги преземаме и кои ќе ги преземеме ние нема да ги решиме проблемите. Тоа што граѓаните треба да знаат е дека енергијата ќе треба да се штеди, бидејќи цените не се одржливи на ова ниво кое го имаме сега ние, во споредба со светските и европските пазари“, вели министерот Бесими.

Тој вели дека ова не се само зборови, бидејќи има фонд за енергетска ефикасност во Развојната банка и дека владата прави чекори за подобрување на енергетската ефикасност.

Бесими економија Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.