Околу 21.45 часот на 26.05.2022 полициски службеници ги привеле Х.А.(23) од с.Патишка река, скопско и А.С.(23) од Скопје.

„Тие се сомничат дека физички го нападнале Б.З.(35) од Скопје и со употреба на сила го внеле во возило „мерцедес“, по што му упатувале закани, поради наводен долг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од полицијата.

Полицијата работи на решавање на случајот.