Седумината осомничени за случајот ,,Делчевски ниви” се уапсени и однесени во полициска станица, откако денеска Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против нив за продажбата на парцели на ЕВН во Делчево за изградба на фотонапонски централи. Седумтемина, од кои двајца управители во ЕВН, биле роднински и пријателски поврзани.

Како што дознава ,,Фокус”, осомничените најверојатно утре ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, а засега е непознато дали обвинителството ќе бара притвор.

Според Управата, осомничените успеале да убедат сопственици на приватно земјиште во Делчево да им биде откупен имотот по одредена цена, но да се согласат во документите да стои дека го подаруваат.

Подарениот имот за неколку дена го продале на ЕВН за 1,5 милион евра.