Русија мора да биде поразена во Украина или конфликтот во таа земја ќе предизвика Трета светска војна, изјави денеска Михаил Подољак, украинскиот преговарач и советник на украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Во интервју за украинската телевизија, Подољак предупреди дека „рускиот реваншизам и шовинизам само ќе нараснат“ доколку Русија ја загуби војната во Украина.

„Тоа ќе доведе до Трета светска војна, а тоа е нешто за што западните земји се свесни и затоа ќе испратат повеќе оружје во Украина“, рече Подољак.