Сопругот на Ирма Гарсија, една од двете учителки убиени во масакр во училиште во Тексас, почина од срцев удар.

Информацијата на Твитер ја објавил нејзиниот внук, а веста ја пренесоа американските медиуми.

https://twitter.com/fuhknjo/status/1529870121023557632?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1529870121023557632%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fvijesti%2Fclanak%2Fmuz-uciteljice-ubijene-u-masakru-u-teksasu-umro-od-srcanog-udara%2F2367422.aspx

“Со длабока тага морам да ви кажам како од тага почина сопругот на тетка ми Ирма, Џо Гарсија. Немам зборови да опишам како се чувствуваме, молете се за нашето семејство. Боже, помилуј нè, ова не е лесно”, напиша Мартинез.

Гарсија отишол да и остави цвеќе на својата трагично почината сопруга. Кога стигнал дома, само паднал.

„Мојата тетка Ирма и Џо Гарсија се заедно од средно училиште и зад себе оставаат четири прекрасни деца од 23, 19, 15 години, а најмладиот има само 13 години“, напиша тој на Твитер. Оваа информација ја потврди и новинарот на Фокс од Сан Антонио, Ерни Зунига.

https://twitter.com/fuhknjo/status/1529889152262623232?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1529889152262623232%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fvijesti%2Fclanak%2Fmuz-uciteljice-ubijene-u-masakru-u-teksasu-umro-od-srcanog-udara%2F2367422.aspx

Гарсија работела во училиштето 23 години.

„Таа се жртвуваше за да ги заштити децата во својата училница“, напиша нејзиниот внук на Твитер и додаде: „Таа умре како херој, многумина ја сакаа и на сите навистина ќе ни недостига“.

Во основно училиште во Тексас, имаше пукање во кое загинаа 19 деца и двајца возрасни.