Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Terziova
70-годишниот Ахмед Кокица пред две недели излегол од работа на пат кон дома и бил прегазен од автомобил на крстосница во скопската населба Топанско поле, пишува Алсат. Според членовите на семејството, луѓето кои биле во автомобилот, наместо да му укажат помош и да го однесат во болница, го ограбиле старецот и го оставиле во слепа улица. Тој паднал во кома и починал по неколку дена. Ахмед работел во угостителски објект до 22 часот и тргнал кон дома, но ноќта на 12 мај не се вратил. Роднините не можеле да го добијат на мобилниот телефон зашто виновниците веројатно го фрлиле. „Според…
Обвинетата Т.М со џебно ноже ја избодела М.М.(31) на денешното рочиште во Основниот суд во Врање, пишува Блиц. Постапката меѓу двете жени трае од 2021 година, поради нанесување лесни телесни повреди – вели изворот. Детекторот за метал на влезот во судот не го детектирал џебното ноже кое обвинетата го внела во судот и подоцна го искористила . Ќе се истражува дали имало пропусти во работата на судскиот стражар – додава изворот и наведува дека доколку има пропуст, одговорните ќе бидат санкционирани. Од полициското одделение во Врање за Курир потврдија дека околу 14 часот и 30 минути полицијата била известена дека…
На 67-годишна возраст ненадејно почина холивудската ѕвезда Реј Лиота, кој ќе остане запаметен по улогите во филмовите „Goodfellas“ и „Field Of Dreams“. Лиота бил во Доминиканската Република на снимањето на филмот „Опасни води“, а смртта настапила во сон. Неговата кариера во последно време беше во фаза на искачување, по тешкотиите со кои се соочи во минатото. Лиота наскоро требаше да се ожени за својата девојка Џејси Нитоло. Актерот зад себе ја остави ќерката Карсен. Тој е роден во Њу Џерси на 18 декември 1954 година и бил посвоен шест месеци откако бил оставен во сиропиталиште. Неговата филмска кариера траеше четири…
Францускиот претседател телефонски разговарал со турскиот колега, кој веќе неколку дена ги одбива Шведска и Финска да влезат во НАТО, при што го повикал својот турски колега Реџеп Таип Ердоган да го „почитува суверениот избор” на Финска и Шведска да се приклучат на НАТО и се надева дека брзо ќе се најде „решение” за укинување на турското вето, јави дописникот на МИА. „Претседателот на Републиката ја подвлече важноста од почитување на суверениот избор на овие две земји, кој произлегува од демократскиот процес и до кој дојде како реакција на еволуцијата на нивното безбедносно опкружување”, укажаа Елисејската палата по телефонскиот раговор.…
„Мене господинот Заев ми е пријател и интересен ми е. Десетина дена пред изјавата ми се јави да ми честита за победата“, истакна градоначалникот на општина Карпош Стевче Јакимовски кој обелодени дека е пријател со поранешниот премиер Зоран Заев во емисијата „Само интервју“. Сметам дека тој не го мислел тоа што го кажа. Веројатно му требала изјавата за дневна политика. Длабоко во себе не мисли така. Противниците знаат дека Стевче Јакимовски не е криминалец, не е неспособен, не е глупав, има идеи и потези, рече Јакимовски. Пред околу седум месеци, додека Заев беше на функцијата премиер, во една прилика изрази…
Русите бомбардираа 40 украински градови. Tие се приближуваат до два клучни града, Северодоњецк и Лисичанск. Украинската војска објави дека илјадници цивили се во опасност да бидат заробени. Падот на овие два града ќе им овозможи на руските сили да ја преземат контролата врз целата провинција Луганск, една од целите на Русија во војната. Според гувернерот на Луганск, 90 отсто од источниот регион веќе е под руска контрола. „Ситуацијата е многу напната бидејќи Русите ги испратија сите свои сили да го окупираат регионот Луганск. Тие напаѓаат од различни страни,“ истакна Серхиј Хејдеј, гувернер на Луганск.
Од петок само Унгарците ќе можат да купуваат гориво по намалена цена, а автомобилите со странски регистарски таблички по пазарна цена, изјави шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан. Со оглед на тоа што цената на горивото во Унгарија е најниска во Европа, „бензинскиот туризам“ процвета долж границата, па ни се заканува недостиг, изјави Гергели Гуљас. „Странските купувачи го користат фактот што Унгарија може да ја одржи цената на горивото на 480 форинти (околу 1,23 евра), а во Европа е 700-900 форинти (од 1,79 до 2.30 евра)“, рече тој на прес конференција. За да се спречат овие злоупотреби, само…
Актерот Кевин Спејси е обвинет по четири точки за сексуален напад врз тројца мажи, соопшти американското Обвинителство. Розмари Ејнсли, шеф на одделот за специјален криминал при американското Обвинителство соопшти: „Обвинителството поднесе кривична пријава против Кевин Спејси (62), по четири точки од обвинението за сексуален напад врз тројца мажи. „Тој е обвинет и за принудување на лице да се вклучи во сексуална активност без согласност. Обвиненијата следуваат по прегледот на доказите што ги собрала метрополитенската полиција во нејзината истрага. „Обвинителство ги потсетува сите засегнати дека кривичната постапка против г-дин Спејси е активна и дека тој има право на правично судење“, соопштила…
Белорусија формира оперативна команда на границата со Украина. Белорускиот претседател Александар Лукашенко нареди итно формирање на оперативна команда на вооружените сили во украинскиот правец, пренесе агенцијата Белта. „За жал, отворена е нова насока, како што велиме, нов фронт и мора да внимаваме. За тоа веќе разговаравме. Министерот тогаш предложи да се отвори уште една оперативна команда – на јужниот раб, во јужниот правец на нашата земја. „Тоа беше минатата година. Тогаш видовме дека треба да се направи нешто, но времето беше толку динамично, што брзо не поттикна итно да го формираме тој оперативен правец. Заедно со западниот и северозападниот, јужното…
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против вкупно седум физички лица, од кои две физички лица во својство на управители на ЕВН Електрани Македонија ДООЕЛ Скопје, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дела измама во службата по член 355 вв соизвршителство по член 22 од Кривичниот Законик на РСМ, соопшти Управата. Случајот со нелегалната продажба на парцели за изградба на фотонапонски централи беше обелоденет лани во ноември. Станува збор за договор склучен една недела пред стартот на кампањата за локалните избори, кога ЕВН Електрани, фирма ќерка на ЕВН Македонија, за многу…
Од утре и во наредните три денови до понеделник, во целост ќе биде затворен западниот сообраќаен влез во Битола, односно од Ресен и Охрид. Од Општина Битола информираат дека во завршна фаза е реализацијата на проектот за реконструкција на коловоз на улица „Довлеџик” и затоа сообраќајот ќе биде пренасочен по обиколницата, односно за влез во градот ќе се користи северниот влез, од страната на Прилеп. Согласно динамиката за реализација на договорот за реконструкција во деновите 27, 28 и 29 мај, ќе се врши асфалтирање на улицата од раскрсницата на улицата „Довлеџик” со улицата Големо Езеро до мостот на реката Драгор.…
Мајмунските сипаници не се сексуално преносливи болести, но голем број мажи се заразиле со болеста преку сексуален однос, истакна епидемиологот д-р Драган Даниловски во емисијата „10 Минути“ на ТВ21. „Најмногу од сите пациенти, некаде околу 160 на број, во 16 земји, на три континенти се луѓе кои спаѓаат во категоријата мажи кои имаат секс со мажи. И сега некој ќе каже ‘аха сексуално пренослива болест’, не, не е тоа така. Според тоа како епидемиолошки изгледа сликава за тоа кој заболува се асоцира дека е тоа сексуално пренослива болест, но не е затоа што се пренесува заради тесниот контакт кожа на…