Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Макрон му се закани на Ердоган: Турција да го почитува изборот на Финска и Шведска

0
By НОВА ТВ Terziova on May 26, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 26, 2022 19:20

Францускиот претседател телефонски разговарал со турскиот колега, кој веќе неколку дена ги одбива Шведска и Финска да влезат во НАТО, при што го повикал својот турски колега Реџеп Таип Ердоган да го „почитува суверениот избор” на Финска и Шведска да се приклучат на НАТО и се надева дека брзо ќе се најде „решение” за укинување на турското вето, јави дописникот на МИА.

„Претседателот на Републиката ја подвлече важноста од почитување на суверениот избор на овие две земји, кој произлегува од демократскиот процес и до кој дојде како реакција на еволуцијата на нивното безбедносно опкружување”, укажаа Елисејската палата по телефонскиот раговор.

Анкара во средата предупреди дека нема да се согласи со пристапувањето на Шведска и Финска без да добие „конкретни мерки” од нив во врска со нејзините безбедносни грижи, откако прими делегации на дипломати од овие две земји.

Турција отвори криза во НАТО, чиј член е, спротивставувајќи се на проширувањето на организацијата на овие две земји кои побараа да се приклучат на Алијансата по руската инвазија на Украина и добија поддршка од огромното мнозинство земји-членки.

Особено Финска, која дели 1.300 километри копнена граница со Русија. Турција ги обвинува нордиските земји, особено Шведска, која има голема заедница на турски прогонети, за засолниште на курдските милитанти од ПКК, Работничката партија на Курдистан, која ја смета за терористичка организација.

Таа, исто така, го осудува присуството на поддржувачите на проповедникот Фетула Ѓулен, за кого се сомнева дека го организирал обидот за пуч во јули 2016 година.

вести Ердоган Макрон Свет Финска Шведска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.