„Мене господинот Заев ми е пријател и интересен ми е. Десетина дена пред изјавата ми се јави да ми честита за победата“, истакна градоначалникот на општина Карпош Стевче Јакимовски кој обелодени дека е пријател со поранешниот премиер Зоран Заев во емисијата „Само интервју“.

Сметам дека тој не го мислел тоа што го кажа. Веројатно му требала изјавата за дневна политика. Длабоко во себе не мисли така. Противниците знаат дека Стевче Јакимовски не е криминалец, не е неспособен, не е глупав, има идеи и потези, рече Јакимовски.

Пред околу седум месеци, додека Заев беше на функцијата премиер, во една прилика изрази чудење за изборот на граѓаните во оваа општина, откако Јакимовски победи на локалните избори.

-Почит кон секој човек, но не можам да сфатам што се случи во Карпош, таму живее интелигенцијата, истакна Заев.