На 67-годишна возраст ненадејно почина холивудската ѕвезда Реј Лиота, кој ќе остане запаметен по улогите во филмовите „Goodfellas“ и „Field Of Dreams“.

Лиота бил во Доминиканската Република на снимањето на филмот „Опасни води“, а смртта настапила во сон.

Неговата кариера во последно време беше во фаза на искачување, по тешкотиите со кои се соочи во минатото. Лиота наскоро требаше да се ожени за својата девојка Џејси Нитоло. Актерот зад себе ја остави ќерката Карсен.

Тој е роден во Њу Џерси на 18 декември 1954 година и бил посвоен шест месеци откако бил оставен во сиропиталиште. Неговата филмска кариера траеше четири децении.