Author: НОВА ТВ Terziova

Наследниот висок холестерол кај училишните деца во иднина ќе се открива во склоп на систематскиот преглед за упис во основно училиште, најавено е на стручниот здравствен конгрес што се одржа од 6 до 7 мај во Опатија. Како дел од систематскиот преглед, децата ќе прават анализи на крвта и ќе се проверува нивото на холестерол, изјави академик Жељко Рајнер на конгресот Futur Z, нагласувајќи дека ова е голем чекор напред во навременото откривање на наследниот покачен холестерол. – Иако семејната хиперхолестеролемија звучи како ретка болест, таа го погодува секој 300-ти граѓанин и е една од најчестите наследни болести, предупреди Рајнер.…

Read More

На нешто повеќе од час пред почетокот на дербито меѓу Шкендија и Шкупи, се случил тежок инцидент пред стадионот во Тетово. Имено при излегување од автобусот, фрлени се бакљи кон гостите, а настрадале играчи на Шкупи и клупскиот доктор. Навивачите на тетовци со факли прво на доаѓање на клупскиот автобус на Шкупи го нападнаа новиот македонски првак, а потоа во голема гужва и мешаница настрадаа неколку фудбалери на шампионот, како и дел од персоналот на клубот. Причина за ваквите мешаници не е позната, но во последно време многу се затегнати односите на двата клуба, уште од последното дерби на Чаир,…

Read More

Граѓани на Скопје и на Северна Македонија, заедно со премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот, генералот Васко Ѓурчиновски и амбасадорките на САД и на Обединетото Кралство, Кејт Брнз и Рејчел Галовеј, денеска на спортскиот аеродром „Стенковец“ присуствуваа на отворениот ден за воздухоплови кој се организира во рамките на вежбата „Swift Response 22“, која е во тек. Граѓаните имаа прилика одблиску да видат дел од воздухопловите кои се активни за време на вежбата, а прелет направија авионите од тимот A-10 Thunderbolt II и F-16. Дополнително, присутните граѓани имаа можност да се запознаат со воената професија, начините…

Read More

Западот, по конфликтот во Украина, ќе создава криза по криза низ светот, бидејќи му се потребни нови непријатели, пишува кинески Глобал тајмс. „Соединетите Американски Држави сакаат да ја спроведуваат стратегијата „демократии против автократии“ наместо да се ангажираат во домашните реформи и прилагодување на промените во светскиот поредок“, се наведува во анализата. Според кинескиот весник, Западот, на чело со САД, никогаш нема да може да прифати постоење на нешто „што не личи на него“. Затоа го создал „непријателскиот имиџ“ на СССР, а потоа и на Русија, водејќи ја политиката на ширење на НАТО. Вашингтон, како што се оценува, немал никаков ќар…

Read More

Енергетските резерви во Црното Море се доволни да ја покријат светската побарувачка за природен гас за 45 години, изјави поранешниот турски премиер Бинали Јилдирим. „Резервите на природен гас во Црно Море се проценуваат на 540 милијарди кубни метри. Ова е само почетокот, ќе има и продолжение. Црно Море е во состојба да ги покрие светските потреби за гас за 45 години“, кажа Јилдирим. Турските власти во 2020 година објавија дека се откриени големи резерви на гас во Црното Море. Резервите на најголемото наоѓалиште Сакарија тогаш надминаа 400 милијарди кубни метри. Турскиот министер за енергетика и природни ресурси Фатих Домез кажа…

Read More

Премиерот Андреј Пленковиќ, кој денеска беше во посета на Киев, одржа заедничка прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Зеленски на прес-конференцијата рече дека ова е исклучително важна посета која ја покажува поддршката што Република Хрватска и ја дава на Украина. Тие разговараа за повеќе прашања важни за Украина. Тој и се заблагодари на Хрватска за поддршката, велејќи дека ова е тешко време за Украина, пренесува ХРТ. „Хрватска знае што значи да се бориш за слобода“ „Хрватска е членка на антивоената коалиција и сите ние се обидуваме да ги браниме правата на самоопределување, слободен и независен живот, за цела Европа и…

Read More

Рускиот претседател Владимир Путин во неделата во пресрет на Денот на победата над нацизмот кој Русија го одбележува на 9-ти мај, порача дека „како и во 1945 година, победата ќе биде наша“, редејќи споредби меѓу настаните од Втората светска војна и судирите во Украина. „Денеска нашите војници, како и нивните предци, се борат раме до раме за ослободувањето на својата татковина од нацистичката валканица, убедени дека како и во 1945-та победата ќе биде наша“, изјави Путин во пораката упатена во неделата на жителите на земјите од поранешниот советски блок. „Денес заедничка должност ни е да го спречиме оживувањето на нацизмот,…

Read More

Неодговорно е да се бојкотира Собрание, во време на војна и кризи, во време кога цените на енергенсите постојано растат, кога не може да се обезбеди транспорт на жито во Украина, вели премиерот Димитар Ковачевски во врска со лидерската средба со претседателот на опозицијата Христијан Мицкоски. Тој тврди дека со закани и уценувања нема да има лидерска средба. Само за теми од стратешко значење, може двајцата да седнат на маса. -Во вакви услови да барате предвремени е неодговорно и е за политички цели. Лидерска средба за стратешки прашања и подобар живот на граѓаните, справување со енергетската криза може да има.…

Read More

Двајца млади пациенти на дијализа ќе добијат бубрези од починат донор чие семејство вчера попладне даде согласност за да ги донира органите, објави Министерство за здравство. „Дополнително, во наредните денови ќе следуваат трансплантации на коскени ткива кај пацинети кои се лекуваат на Клиниката за Ортопедија“, дополнуваат од Министерството. Оттаму се заблагодарност до семејството на пациентката, особено до нивната  млада храбра ќерка чија храброст донесе живот за најмалку двајца пациенти и пренесуваат сочуство за нивната загуба.

Read More

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, воведува нова мерка за штедење на електричната енергија за улично осветлување. Станува збор за исклучување на секоја втора светилка во периодот од 19:45 часот навечер до 4:30 часот, наместо исклучување на уличното осветлување од 1 часот по полноќ до 5 часот наутро, како што беше досега, а на што бурно реагираа карпошани. Ова, како што информираат од Општина Карпош, било одлучено на средбата што ја имал градоначалникот Јакимовски со секретарите на урбаните заедници, на која му бил пренесен, разгледан и прифатен овој предлог на граѓаните. – Го разгледувавме предлогот на секретарите на урбаните заедници…

Read More

Воениот конфликт во Украина доведе до влошување на состојбата во бизнисот на млекарницата Шабац, а како што дознава порталот Нова.рс, во оваа млекарница имало голем број откази. Иако компанијата не одговорила на нивните прашања, доказ за лошата состојба во претпријатието, како што наведува порталот, е тоа што топлиот оброк за работниците од 1 мај годинава е намален на 500 динари. Поради целата криза околу Украина, познатата Млекара Шабац падна во криза, како еден од најголемите српски извозници на сирење во Русија. Отказите во фабриката почнаа минатата недела, кога неколкумина беа отпуштени, а веќе во следната група 15-ина лица. „Мислам дека…

Read More

Денеска ќе се одржи последната работна средба помеѓу Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука закажана од овластениот помирувач Средбата ја потврди претседателот на СОНК, Јаким Неделков на својот Фејсбук профил, а истата ќе се одржи преку Зоом апликација во 18 часот. Тој додава дека за исходот од преговорите јавноста ќе биде благовремено информирана преку соопштение. Синдикатот штрајкот го стави во мирување на 28 април откако доби известување од Министерството за труд и социјална политика дека Министерството за образование и наука пристапува кон мирно решавање на спорот.  Максималниот рок на мирното решавање на споровите…

Read More