На нешто повеќе од час пред почетокот на дербито меѓу Шкендија и Шкупи, се случил тежок инцидент пред стадионот во Тетово. Имено при излегување од автобусот, фрлени се бакљи кон гостите, а настрадале играчи на Шкупи и клупскиот доктор.

Навивачите на тетовци со факли прво на доаѓање на клупскиот автобус на Шкупи го нападнаа новиот македонски првак, а потоа во голема гужва и мешаница настрадаа неколку фудбалери на шампионот, како и дел од персоналот на клубот.

Причина за ваквите мешаници не е позната, но во последно време многу се затегнати односите на двата клуба, уште од последното дерби на Чаир, по кое имаше препукувања на двата прволигаши.

На барање на тетовскиот клуб фановите на Шкупи се блокирани на патарина кон Тетово, по што тренерот Гоце Седлоски излезе од автобусот и ги смируваше револтираните фанови од Чаир.