Author: НОВА ТВ Terziova

Големи тензии се случуваат моментално пред Владата на Република Македонија каде демонстрантите ја пробија заштитната ограда и се обидуваат да влезат во Владата. Тие ја убедуваат полицијата да ги спушти штитовите и да ги пушти да влезат внатре. Демонстрантите извикуваат оставка, а во групата граѓани може да се забележат неколку лица со фантомки. “Ние сме исто, немаме ништо против вас, ова е и ваша и наша борба” се слуша како еден од демонстрантите зборува со полицијата. Иако два дена се протестираше мирно и достоинствено денеска огромен број тешко вооружени полициски специјалци се наоѓаат околу владата што беше повод кон зградата…

Read More

Адисон Бетеа (17) собирала школки во морето во близина на плажата Китон во американската сојузна држава Флорида кога била нападната од ајкула, јавува Си-Ен-Ен. “Не знаев што да правам, но знаев дека треба да ја удриш ајкулата во носот за да ја тргнеш од тебе”, вели Адисон. Таа почнала да вика помош, а нејзините крици ги слушнал нејзиниот брат Рет Вилингем, кој случајно е пожарникар и техничар за итна медицинска помош. “Слушнав како вреска. Не ја видов, а потоа таа почна да излегува од водата и видов ајкула и многу крв, а потоа стигнав до неа и ја тргнав ајкулата…

Read More

Рускиот претседател Владимир Путин на средбата со министерот за одбрана Сергеј Шојгу му порача дека единиците кои учествувале во „ослободувањето“ на сепаратистичката доминантно руска и рускојазична југоисточна украинска покраина Луганск, треба да се одморат, но истовремено оцени дека руските сили треба да ја продолжат заедничката офанзива со проруските сепаратисти до целосно заземање на историската област Донбас. „Единиците кои учествуваат во активни воени дејствија и го постигнаа успесите, победите во правецот на Луганск, секако, треба да се одморат, за да ги зголемат своите борбени способности“, рече Путин на состанокот со Шојгу пренесуван на јавната телевизија. Руските сили „мора да ги продолжат…

Read More

Директорот на ЈП Паркови и зеленило, Ангеле Сотировски на денешната прес конференција истакна дека на местото на паднатото дрво на плоштад Македонија ќе се засади исто дрво од таков вид. „Од силното невреме кое го зафати Скопје изминативе денови екипите на ЈП Паркови и зеленило интервенираа на повеќе локации меѓу кои и на локацијата плоштад Македонија кај спомен плочата на Мајка Тереза каде падна едно дрво-сребрена смрча кое беше во поодмината физиолошка старост. Дрвото е откорнато со видливи оштетувања на главниот коренов систем, како и оштетувања на крошната. Покрај сите оштетувања беше невозможно дрвото да се врати во првобитната состојба…

Read More

„Закрепнувањето на Украина е најголемиот придонес за поддршка на светскиот мир“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео пораката на меѓународната конференција во Лугано, Швајцарија, посветена на закрепнувањето на неговата земја. Тој посочи дека неговата земја има потреба од колосална инвестиција за обнова по војната. На дводневната конференција се разговара за тоа како да се соберат 100 милијарди евра за да започне Украина да се врати во нормален живот по завршувањето на руската агресија. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека земјата можела да излезе „посилна отколку пред руската инвазија“. Таа истакна дека ЕУ „има посебна одговорност…

Read More

Поранешниот претседател на Бугарија, Георги Прванов, повика на конструктивен пристап помеѓу Софија и Скопје. Како што јави дописникот на МИА во Софија, според Прванов, колку и да е едноставен францускиот предлог, тој е дипломатски воздржан и дава некаква основа и насока за излез од оваа неколкугодишна дипломатска криза. Поранешниот бугарски претседател изрази надеж дека ќе се направи потег да заврши и оваа сага. Тој рече дека со укинувањето на ветото, Бугарија ја губи битката за историјата. „Очигледно, ветото не може да го смени ставот на македонското општество. Дури и повеќе од најблиските народи, какви што беа и како што нѐ…

Read More

На клиничката болница во Битола денеска почина малолетното девојче повредено во сообраќајка која се случи вечерта на 14 јуни, на улица Ружа Делчева во Битола, пишува Нова Македонија. По дваесетина дена борба на лекарите во Клиничката болница во Битола, за спас на девојчето, кое имаше само 15 години, тоа денеска им подлегна на повредите. До сообраќајната несреќа дојде кога малолетен моторциклист со мопед „априлија“ со битолски регистарски ознаки, удрил во пешакот Б.В.(70) од Битола и во паркирано возило „сеат“ со битолски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и малолетната сопатничка која не носела…

Read More

Како резултат на ангажираноста на полицијата, по три часа од настанот е уапсен Едисон Конди (34), жител на Валона, кој пукаше со огнено оружје кон сопствениот брат Бенјамин Конди (45). Едисон, кој деновиве пристигнал од Велика Британија и сакал да го преземе бизнисот, кон брата си испукал повеќе куршуми, но, според последната информација што ја пренесуваат медиумите, не успеал да го повреди. Иако претходно јавија за повредени, нема потврда за тоа. Присутните туристи на плажата Радиме, меѓу кои и семејства од Норвешка и од Италија, во изјави за медиумите потврдуваат дека било страшно. „Беше страшно. Наеднаш почнаа пукотници. Почнавме да…

Read More

На 04.07.2022 во 01.00 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле Ж.Г.(25) и А.Г.(21), двајцата од Скопје, затоа што околу 00.30 часот пред угостителски објект на подрачјето на Аеродром, пријавените заедно со Д.М.(20) од Скопје, од една страна и И.С.(42) од Скопје, од друга страна, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка, во која И.С. употребил тврд предмет. Се работи на расчистување на случајот.

Read More

Со цел транспарентно информирање на јавноста, Владата денеска на официјалната веб страна интегрално преведен на Македонски јазик, го објави европскиот предлог. • Министерски состанок на меѓувладината конференција за завршување на отворањето на преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија – Општ став на ЕУ • Предлог заклучоци на ЕУ • Заеднички став на ЕУ Предлогот во кој се вградени забелешките на Владата од средината на минатата недела е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која премиерот Димитар Ковачевски ја води со сите чинители во државата, вклучувајќи ги и опозициските партии, граѓанските организации и медиумите.

Read More

Најголем дел на работнитиците кои доаѓаат да работат во земјава се општи работници со средно и со основно образование. Во 2021 година издадени се вкупно 4.548 дозволи за работа на странци. Од почетокот на 2022 година издадени се 2.267 дозволи за работа на странци во Северна Македонија. Речиси 50% се од Турција.

Read More

„Бугарија ќе ги почитува основните права на Македонците поврзани со идентитетот, јазикот и културата. За возврат, вашата земја конечно ќе може да го започне процесот на пристапување во ЕУ“, вели белгискиот експерт и поранешен олеснувач за преговорите од Пржино, Питер Ванхауте. „Ја почитувам храброста на вашата Влада да се согласи со францускиот предлог. И да, овој предлог е компромис. Како што би рекле во Белгија: „компромисот е добар ако двете страни се чувствуваат малку незадоволни од исходот“. Но, овој предлог ви овозможува конечно да го започнете процесот на пристапување. Вратата е отворена, не ја заклучувајте повторно“, вели Ванхауте во своето…

Read More