Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Францускиот предлог е компромис, ЕУ е вашата иднина, вели Ванхауте

0
By НОВА ТВ Terziova on July 4, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 4, 2022 16:10

„Бугарија ќе ги почитува основните права на Македонците поврзани со идентитетот, јазикот и културата. За возврат, вашата земја конечно ќе може да го започне процесот на пристапување во ЕУ“, вели белгискиот експерт и поранешен олеснувач за преговорите од Пржино, Питер Ванхауте.

„Ја почитувам храброста на вашата Влада да се согласи со францускиот предлог. И да, овој предлог е компромис. Како што би рекле во Белгија: „компромисот е добар ако двете страни се чувствуваат малку незадоволни од исходот“. Но, овој предлог ви овозможува конечно да го започнете процесот на пристапување. Вратата е отворена, не ја заклучувајте повторно“, вели Ванхауте во своето обраќање до граѓаните на Македонија.

Тој нагласува дека „ЕУ е вашата иднина и ЕУ ќе отвори многу можности за вашиот економски развој, за вашата иднина и иднината на вашите деца“.

-Затоа, не плашете се да ја направите вистинската опција, туку активно вклучете се во процесот на пристапување. Го разбирам националистичкото негодување од некои политички партии. Како опозиција, нивната улога е да се спротивстават – и да бидеме јасни: секогаш е полесно да се спротивставиме на одлука на владата отколку да се согласиме со неа и да ја поддржиме. Играњето на емоции во таков случај е уште полесно. Но, не правете го тоа овој пат: ајде сега да се фокусираме на интеграцијата на вашата земја во ЕУ и како сите ќе имаме корист од ова. Да ги избереме вистинските приоритети за нашата иднина. И до националистичката опозиција: денес Северна Македонија е вистинска национална држава, со специфична култура, своја историја и признати официјални јазици и заедници. Не се затворајте во минатото, туку вклучете се во заедничка иднина. Заслужувате еден ден да станете членка на ЕУ, вратата е отворена, затоа ве молам, придвижете се напред, дециден е Ванхауте.

Според него, „за преостанатите прашања меѓу Македонија и Бугарија, ако има проблем, има и решение.

-Продолжете да разговарате едни со други за да се договорите за решенијата и за патот напред. Вашата влада има многу компетентни министри кои ќе продолжат да им служат на вашите интереси. Уверен сум дека тие ќе испорачаат и активно ќе се вклучат во интеграцијата во ЕУ, заедно со Комисијата на ЕУ и претставниците на земјите-членки на ЕУ, стои во писмото на белгискиот експерт.

ван хојте Дома регион француски предлог
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.