Големи тензии се случуваат моментално пред Владата на Република Македонија каде демонстрантите ја пробија заштитната ограда и се обидуваат да влезат во Владата. Тие ја убедуваат полицијата да ги спушти штитовите и да ги пушти да влезат внатре.

Демонстрантите извикуваат оставка, а во групата граѓани може да се забележат неколку лица со фантомки.

“Ние сме исто, немаме ништо против вас, ова е и ваша и наша борба” се слуша како еден од демонстрантите зборува со полицијата.

Иако два дена се протестираше мирно и достоинствено денеска огромен број тешко вооружени полициски специјалци се наоѓаат околу владата што беше повод кон зградата на владата да почнат да летаат јајца, шишиња и хартиени ролни.

Дел од демонстрантите почнаа да се приближуваат кон полициските сили кои што ја чуваат владата. Полицајците сега се наоѓаат пред зградата на владата а демонстрантите се на десетина метри од нив.