Author: Marija Todorovska
По три години отпор на Украина против руската агресија, глобалната борба за демократија, правда, и вистина – никогаш не била поважна и поитна. На 4 март, еминентни меѓународни експерти, креатори на политики, новинари и претставници на граѓанското општество ќе се сретнат на онлајн конференција на тема „Украина и светот: Отпор против агресијата, победа над авторитаризмот“.
Русија и Украина да го положат оружјето во период од еден месец, кога треба да запрат воздушните, поморските и нападите врз енергетската инфраструктура, предвидува британско – францускиот план, чии детали денеска ги откри францускиот претседател Макрон. Во интервју за весникот „Фигаро“, Макрон појаснува дека во првата фаза копнените борби ќе останат активни се додека не се процени можноста за целосен прекин на огнот, што би резултирал со распоредување на европските мировни сили во Украина. За Париз ова е своевинден лакмусов тест за Путин.
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска ќе има средба со помошниците за национална безбедност на која ќе се разгледува можноста за суспендирање или откажување на воената помош за Украина, објави Њујорк тајмс, повикувајќи се на неименуван претставник на администрацијата на Трамп, пренесува Њујорк тајмс.
Според Си-Ен-Ен, сега се во тек подготовките за домаќин на средбата меѓу претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин.
Нема сомнеж дека барем 80-ина години немало полоша власт од оваа што е денес во Македонија.
Вработени во Македонската филхармонија денеска одржаа протест пред Министерството за култура и туризам, затоа што се сомневаат на потенцијална департизација во однос на изборот на директор на оваа институција.
Дополнително зголемување на минималната плата за 6 000 денари, бара Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Ваквиот предлог денеска ќе биде доставен до Владата, Организацијата на работодавачите и пратениците, а ќе значи, како што беше речено на прес-конференција, дополнително зголемување на сите останати плати на работниците во земјава.
Пратеничката група на СДСМ предлага законско решение кое ќе им помогне и на работниците и на компаниите, а ќе обезбеди и дополнителни приходи во буџетот, рече на денешната прес – конференција пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска.
Директорот на американското Одделението за владина ефикасност (ДОГЕ), Илон Маск го поддржа барањето на неколку републикански сенатори – САД да се повлечат од НАТО и од Обединетите нации.
Тирана: Меѓународниот аеродром во Тирана конечно го направи реалност она што многу патници се прашуваа зошто тоа не се прави во Албанија, кога тоа е применливо на многу меѓународни аеродроми, а тоа е електронскиот билет, објави на социјалните мрежи управата на аеродромот.
Вашингтон: Гувернерот на Јужна Каролина Хенри Мекмастер прогласи вонредна состојба во американската сојузна држава поради повеќе од 175 пожари кои досега изгореа 1.711 хектари земја.
