Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вработените во Филхармонија бараат фер избор на директор

0
By Marija Todorovska on March 3, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 3, 2025 14:40

Вработени во Македонската филхармонија денеска одржаа протест пред Министерството за култура и туризам, затоа што се сомневаат на потенцијална департизација во однос на изборот на директор на оваа институција.

На денешниот протест, Владимир Лазаревски од Синдикалната организација на вработените во Македонската филхармонија изјави дека на конкурсот за директор на Македонската филхармонија треба да се избере најквалификуваниот, а не партиски договорениот кандидат.

Пред неколку дена министерот за култура и туризам Зоран Љутков во изјава за еден медиум рече одлуката кој ќе биде директор на нашата институција може да биде и политичка. Го повикуваме денеска министерот да ни одговори нам и на јавноста, зошто се спроведува конкурс, ако одлуката е политичка? Зошто се ставаат во нерамноправна позиција останатите кандидати? Како може одлуката да биде политичка, кога вработувањата не смеат да бидат предмет на договор меѓу политичките структури? Дали Љутков со оваа изјава и официјално потврдува дека департизацијата и мерит системот беа само декларативна предизборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ? Дали кандидатите треба да бидат врвни професионалци или да ја одразуваат политиката кои ја водат тие како партија, рече Лазаревски.

Тој побара одговор од министерот Љутков зошто, како што рече, по секоја цена на незаконски начин, се туркаат меѓу партиските договорени кадри. Како што напомена, имаат информација дека Мустафа Имери не доставил комплетна документација, иако во конкурсот јасно е назначено дека некомплетните и ненавремено доставените документи нема да се разгледуваат.

Додаде дека Комисијата веќе им дала рок на кандидатите кои не доставиле уредна документација, да ги достават потребните документи надвор од законот во рок од три дена.

Со тоа се крши Законот за култура и условите од конкурсот, се со цел да се истера меѓупартискиот договор меѓу Вреди и ВМРО-ДПМНЕ и да се назначи договорениот кандидат за директор на нашата институција. Дополнителните изјави на вицепремиерот Изет Меџити за вработување на илјадници Албанци во јавната администрација, освен што одат во прилог на тезата за целосна партизација на јавната администрација, се уште се една потврда дека доколку се избере Имери, не се почитуваат ниту законите во оваа држава, посочи Лазаревски.

Тој бара и од премиерот Христијан Мицкоски да остане доследен на изјавата дека ќе се вработуваат компетентни кадри и дека ќе се почитува системот на заслуги, а не системот на партиски договори и списоци.

Сегашниот министер за култура од позиција на опозиција, пред една и пол година застана во наша одбрана кога се соочувавме со проблеми предизвикани од претходната власт. Тогаш Љутков на социјалните медиуми напиша дека „Во квечерината на 80тиот роденден, Македонската филхармонија е исправена пред предизвикот да се биде или не!“ И дека ако порано со гордост вработените ќе кажеа дека се од Македонска филхармонија, од постапките на некадарните раководители и министри дојдоа до позиција да се срамат. И сега сме исправени пред голем предизвик, па затоа апелираме до премиерот Христијан Мицкоски и до министерот Зоран Љутков да не дозволат сегашниот срам на вработените во Македонската филхармонија да биде срам за ВМРО-ДМПНЕ, за нивните коалициски партнери и за нашата држава, рече Лазаревски.

директор Љутков министерство за култура протест Филхармонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.