Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Макрон ги објави деталите на британско францускиот план

0
By Marija Todorovska on March 3, 2025 ВЕСТИ
Фото: X
Фото: X
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 3, 2025 15:15
Русија и Украина да го положат оружјето во период од еден месец, кога треба да запрат воздушните, поморските и нападите врз енергетската инфраструктура, предвидува британско – францускиот план, чии детали денеска ги откри францускиот претседател Макрон. Во интервју за весникот „Фигаро“, Макрон појаснува дека во првата фаза копнените борби ќе останат активни се додека не се процени можноста за целосен прекин на огнот, што би резултирал со распоредување на европските мировни сили во Украина. За Париз ова е своевинден лакмусов тест за Путин.

Предлогот е тест кој треба да ја потврди добрата волја на Владимир Путин да се вклучи во примирјето, а потоа да почнат вистинските преговори. , изјави Жан-Ноел Баро, министер за надворешни работи на Франција.

Предлогот синоќа беше презентиран пред 18 европски лидери во Лондон, а според британскиот премиер Стармер опфаќа четири точки, меѓу кои и целосна заштита на суверенитетот на Украина, како и формирање таканаречена „коалиција на подготвени земји“ кои ќе го спроведуваат финалниот договор и ќе го гарантираат мирот во иднина.

Ние сме на историски крстопат. Не е време за повеќе разговори, време е за дејствување. Време е да истапиме напред и да се обидиниме околу новиот план за праведен и траен мир. , изјави Кир Стармер, премер на В.Британија.

За Кремљ самитот во Лондон, каде беше ветена нова финансиска и воена помош за Киев, само покажал дека целта не е да се обезбеди мир, туку да го продлабочи конфликтот. Колективниот запад почна да ја губи колективноста, вели Песков.

-Режимот во Киев и Зеленски не сакаат мир, тие сакаат војната да продолжи. Затоа, во оваа ситуација, се разбира, напорите на Вашингтон и подготвеноста на Москва да го реши проблемот очигледно нема да бидат доволни. , вели Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ.

Вашингтон засега не ги коментира европските предлози, но велат дека клучниот чекор е да се седне Путин на преговарачка маса, а Зеленски, по драматичниот судир со Трамп во Овалната соба да прати сигнал дека е подготвен за мир.

Ќе бидеме подготвени повторно да се ангажираме кога тие ќе бидат подготвени да склучат мир, што е јасно што е целта на претседателот овде. Како да заврши војната? Многу е едноставно. Единствениот начин да заврши е ако Владимир Путин дојде на преговарачка маса. И токму сега, претседателот Трамп е единствениот човек на Земјата кој има какви било шанси да го доведе на маса. , изјави Марко Рубио, државен секретар на САД

Ние сметаме на помошта на САД, без сомнежи. Какво било запирање на помошта му помага на Путин. , изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Зеленски повтори дека не е подготвен да се согласи на територијални отстапки, а изрази подготвеност да поднесе оставка во замена на членство на Украина во НАТО.

Британско фанрцуски план Макрон Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.