Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ССМ бара зголемување на минималната плата за 6.000 денари

0
By Marija Todorovska on March 3, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 3, 2025 13:47

Дополнително зголемување на минималната плата за 6 000 денари, бара Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Ваквиот предлог денеска ќе биде доставен до Владата, Организацијата на работодавачите и пратениците, а ќе значи, како што беше речено на прес-конференција, дополнително зголемување на сите останати плати на работниците во земјава.

ССМ бара и за дополнителното зголемување на нето платата од 6 000 денари работодавачите од приватниот сектор една година да бидат ослободени од социјалните придонеси, односно придонесите да ги субвенционира државата, како и дополнителното зголемување на нето платата од 6 000 денари да биде задолжително и за работодавачите од приватниот сектор кои исплаќаат плата и над износот на минималецот.

Според претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, созреано е времето социјалните партнери да си подадат рака и да го унапредат животниот стандард на работниците, но и да го сочуваат квалификуваниот кадар. Секој глас против зголемување на платите, истакна Трендафилов, е глас за купување билет во еден правец и напуштање на државата

Претседателот на ССМ кажа и дека минималната плата треба да биде утврдена најдоцна до 15 март ако се земе предвид дека сметководителите треба да ги прават пресметките, а платата треба да биде исплатена најдоцна до 15 април.

Економско-социјалниот совет (ЕСС) моментно е нефункционален, а причината е, рече Трендафилов, тоа што Владата ги повлекла тројцата членови од Комисијата која одлучува за репрезентативноста на синдикатите.

-Апелирам до Владата и работодавачите да го прифатат предлогот на ССМ, а пратениците, како што беа сложни за нивните патни трошоци, да гласаат за дополнително зголемување на минималната плата за 6 000 денари што ќе значи и дополнително зголемување на сите остантати плати на работниците во Македонија. Ние не правиме упад во даночната политика, напротив. Со тоа што ќе добиеме зголемени плати нема да заминеме во банките за да ги штедиме тие средства што сме ги добиле како зголемување, туку со нив ќе ги купиме основните прехранбени производи кои се даночат со стапка од 5, 10, 15 или 18 отсто и на таков начин, нагласи Трендафилов.

Тој изрази надеж дека Владата на наредната седница, веројатно утре, ќе треба да ги утврди тројцата членови во Комисијата за репрезентативност.

-Додека ССМ не добие репрезентативност за да се состане ЕСС кој и по закон дава мислење до министерот надлежен за работите од областа на трудот да ја објави новата вредсност на минималната плата, се поставува знак прашалник дали спротивно на Законот некој ќе може да објави висина на минимална плата, имајќи предвид дека е задолжително потребно мислење од ЕСС, напомена Трендафилов.

Зависно каква одлука ќе донесат Владата и работодавачите, ќе зависи и како понатаму ќе делува ССМ.

– Дојде време да бирате дали сте за или против работниците. Вашето бирање дали сте за или против работниците значи во кој правец ССМ ќе ја креира политиката. Ако некој одлучи да биде безобразен, ќе бидеме двојно безобразни, ако некој одлучи еднострано да ја отфрли иницијативата или предлогот за зачувување на животниот стандард на работниците, еднострано можеме да донесеме одлука за штрајк, подвлече Трендафилов.

Претседателот на ССМ и во оваа прилика рече дека работниците денес можеби немаат толку голем проблем со Владата, колку што имаат со некои синдикалци кои работат на нивна штета и минималната плата да не се зголеми. Воедно потсети дека минималните плати во регионот се движат од 457 до 800 евра.

зголемување минимална плата ССМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.