Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За војната, мирот, авторитаризмот и хибридните закани: ЦИВИЛ е домаќин на меѓународната конференција „Украина и светот: Отпор против агресијата, победа над авторитаризмот“

0
By Marija Todorovska on March 3, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 3, 2025 15:40

По три години отпор на Украина против руската агресија, глобалната борба за демократија, правда, и вистина – никогаш не била поважна и поитна. На 4 март, еминентни меѓународни експерти, креатори на политики, новинари и претставници на граѓанското општество ќе се сретнат на онлајн конференција на тема „Украина и светот: Отпор против агресијата, победа над авторитаризмот“.

Настанот ќе се емитува во живо. Работниот јазик на настанот ќе биде англиски.

Конференцијата е во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода (Северна Македонија), Медиа Дијалог и Младите за медиумите (Германија), Нов европски граѓански форум (меѓународна организација), кои се организации основачи на глобалната иницијатива #DefendingDemocracy.

На настанот се најавени 16 говорници од Северна Македонија, Украина, Германија, Молдавија, Ерменија, Обединетото Кралство, и САД.

Конференцијата ќе се занимава со клучните прашања за иднината на Украина и поширокиот глобален одговор на војните на агресија и заканите од авторитаризмот, дезинформациите и хибридното војување. Дискусиите ќе ги истакнат позициите на Украина за неопходноста од праведен мир, што подразбира и барање за целосно ослободување на сите окупирани територии од 2014 година, како и непоколебливата поддршка од меѓународната заедница што ѝ е потребна на земјата за победа и долгорочна безбедност.

Главни точки на агендата на конференцијата:

 Панел 1: Отпор, мир, и новата оска на авторитаризмот  
 Панел 2: Победа над Путин и авторитаризмот: Потрагата по мир, правда и демократија
 Панел 3: Дезинформациите како оружје: Борба против дезинформациите и хибридното војување

Конференцијата ќе вклучи водечки имиња во меѓународната политика, медиуми и граѓанско општество, кои ќе ги споделат своите анализи и сознанија за геополитичките, безбедносните и информациските предизвици на нашето време. Говорниците посебно ќе се осврнат на опасностите од политиките на додворување, потребата од разбивање на путинизмот како глобална авторитарна сила, и стратегиите за борба против руските дезинформации.

Линк до настан на Фејсбук

конференција Цивил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.