Author: Marija Todorovska

Студентите во блокадата на Факултетот за спорт и физичко образование во Нови Сад објавија дека деканот на тој факултет, Патрик Дрид, влегол во факултетот со непознати лица околу пет часот.

Read More

Љубомир Костовски: Утре стартува учебната година. Министерката одржа прес од кој, ако добро чув е најавено дека ќе има учебници по странски јазик. Лани таа рече дека децата го учеле јазикот од филмови и други средства за комуникација. И остана жива! Па тогаш не им требаат ни професори, нели. Море да го укинеме и Филолошки…После таа изјава во нормална земја би требала да не се појавува во кабинетот каде и денес седи. Ама, ако веќе тогаш се немало слух, би требало барем денес да се посипе со пепел и да си замине.

Read More

Заклучно со 28 август, вкупно 1712 граѓани направиле увид на своите лични податоци во Избирачкиот список за Локалните избори 2025. Од нив, само еден поднел барање за запишување во Избирачкиот список, 19 лица поднеле барање за промена на личните податоци во Избирачкиот список и едно лице побарало бришење, информираат од Државната изборна комисија.

Read More

Со Предлог на буџетот на Собранието на Република Северна Македонија за 2026 година, кој денеска помина на Буџетскиот Совет на Собранието, планирани се 677.300.000 денари за платите и надоместоците на плати за вработените, пратениците и функционерите во Собранието. Предлог-буџетот на Собранието треба да ја добие поддршката на пратениците на пленарна седница.

Read More

Уште двајца од повредените  млади луѓе во пожарот во кочанската дискотеката „Пулс“, се пуштени на домашно лекување, а на болничко лекување остануваат тројца. Двајца во Македонија и еден во Истанбул. Нивната состојба е критична, но не е живото загрозувачка. Дополнително, шест пациенти одат на лекување во Пирогов во Софија и  во Скопје. Деновиве неколкумина се пуштени од Клиниката за пластична хирургија. Двајца од пациентите имат отворени рани, но тие се лекуваат во кочанската Болница, информираше директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски, кој денеска беше во посета на Општата болница во Кочани.

Read More

Основното јавно обвинителство Штип поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело „Насилство“, по инцидентот што се случи на 24 август на фудбалскиот стадион „Бело Брдо“ во Штип, за време на натпревар меѓу пионерските екипи на ФК „Брегалница“ од Штип и ФК „Шкупи“ од Скопје.

Read More

Студентите во блокада на факултетите во Србија потврдија на својот официјален профил на социјалните мрежи дека на 1 септември ќе им се придружат на средношколците во големиот протест што го најавија пред неколку дена.

Read More

Министрите од Европската Унија денеска остро ја осудија најновата серија руски воздушни напади врз Кијив, во кои загинаа повеќе лица, меѓу нив и деца, и повикаа на воведување построги санкции против Москва, јави ДПА.

Read More

Емилија Целакоска: Математички било, а никој не знае од каде ги вади процентите за платите. Б. Јовановиќ вели „ги мачеле податоците”, мене повеќе ми личи дека не знаат што зборуваат. Математички е вака, (нова – стара)/стара, па: Зголемување од 2024 јуни до 2025 јуни на просечната нето плата ви е 8.34%, а не 6.5% (глупави за себе): (45468-41969) / 41969 = 3499/41969, а тоа е приближно 0,08334 т.е. 8,34% пораст од ланската просечна нето плата во јуни, а не 6,5% Но, зголемувањето од 2023 до 2024 (двете од јуни) е: (41969 – 36527) / 36527 =5442/36527, а тоа е приближно…

Read More