Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Двајца од повредените во пожарот во „Пулс“ пуштени на домашно лекување, на болничко остануваат уште тројца

0
By Marija Todorovska on August 29, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 29, 2025 15:28

Уште двајца од повредените  млади луѓе во пожарот во кочанската дискотеката „Пулс“, се пуштени на домашно лекување, а на болничко лекување остануваат тројца. Двајца во Македонија и еден во Истанбул. Нивната состојба е критична, но не е живото загрозувачка. Дополнително, шест пациенти одат на лекување во Пирогов во Софија и  во Скопје. Деновиве неколкумина се пуштени од Клиниката за пластична хирургија. Двајца од пациентите имат отворени рани, но тие се лекуваат во кочанската Болница, информираше директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски, кој денеска беше во посета на Општата болница во Кочани.

Тој истакна дека врвен  хирург за пластика од Белгија, правел проценка на сите на кои им е потребна реконструктивна интервенција. Засега е утврдено дека на 18 од повредените им е потребна пластична  хирургија, но, како што вели, уште е рано за такви интервенции.

Ме радува фактот дека бројот на повредени се намали на тројца. Двајца пациенти се пуштени на домашно лекување, еден пациент се врати од Истанбул, и еден од Одделот за пластична хирургија. Во болнички услови се лекуваат еден пациент во Истанбул и два повредени пациенти во државата. Тие се во тешка состојба, но не критична, изјави Клековски.

Директорката на Општата болница во Кочани, Катерина Паниќ-Мирчовска изјави дека од останатите повредени двајца пациенти одат на постојани третмани во кочанската општа болница. Фондот за здравствено осигурување финансиски поддржува контроли и за шест пациенти,  кои се вршат во болницата во Пигоров.

Веќе сме на прагот на шестте месеци од трагичниот настан, и ги следиме сите препораки на специјалистите. Силиконските маски за лице и врат за повредените, се изработени со 3Д принтање во Германија, се очекува во наредниот период да пристигнат кај повредените, рече Паниќ-Мирчовска.

Дискотека Кочани лекување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 13, 2026

Мицкоски смени 8 министри

ВЕСТИ July 13, 2026

Собранието со поединечно гласање разреши осум министри од кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски откако за…

Охрид: Со гала-концертот „Љубов“ вечерва се отвора 66-тото издание на Охридско лето

July 12, 2026

Иран го затвори Ормутскиот премин, САД возвратија со нов бран напади врз над 140 воени цели

July 12, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

July 8, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.