Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ со остра осуда за руските напади врз Кијив: „Путин се потсмева на мирот“

0
By Marija Todorovska on August 29, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 29, 2025 14:42

Министрите од Европската Унија денеска остро ја осудија најновата серија руски воздушни напади врз Кијив, во кои загинаа повеќе лица, меѓу нив и деца, и повикаа на воведување построги санкции против Москва, јави ДПА.

Овие напади покажуваат дека Путин се потсмева на секој обид за мир, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, пред почетокот на дводневниот состанок на министрите за одбрана и надворешни работи во Копенхаген. Таа додаде дека новите санкции насочени кон руската енергетика и финансискиот сектор „најмногу ќе ја погодат Русија“.

Сличен став изрази и литванската министерка за одбрана Довиле Шакалиене, која изјави дека Путин „евтино купува време за да убива повеќе луѓе и да симулира волја за прекин на сопствените злосторства“.

Ирскиот министер за одбрана Сајмон Харис оцени дека неопходно е разгледување на дополнителни санкции за вршење поголем притисок врз Москва.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен најави дека наскоро ќе биде претставен 19-тиот пакет санкции.

Министрите во Копенхаген ќе разговараат и за безбедносните гаранции за Украина по завршувањето на војната.

Во агендата за утрешниот ден е вклучена и војната во Газа, за која земјите-членки на ЕУ имаат поделени ставови – дел, како Шпанија и Франција, бараат построг однос кон Израел, додека други, како Германија, се противат на санкции.

ЕУ Кијив напад Путин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.