Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Планирани над 990 милиони денари за плати на пратеници и вработените во собраниската служба, а над 122 милиони денари за уредување на зоната околу Собранието

0
By Marija Todorovska on August 29, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 29, 2025 16:00

Со Предлог на буџетот на Собранието на Република Северна Македонија за 2026 година, кој денеска помина на Буџетскиот Совет на Собранието, планирани се 677.300.000 денари за платите и надоместоците на плати за вработените, пратениците и функционерите во Собранието. Предлог-буџетот на Собранието треба да ја добие поддршката на пратениците на пленарна седница.

По потпрограми планирани средства за следните намени – за Потпрограма 20 за реализација на активностите се планираат средства во вкупен износ од 996.800.000 денари и тоа за следните намени: за плати и надоместоци од плати се планираат средства од 677.300.000 денари, платите и надоместоците на плати се утврдени согласно постојната законска регулатива за исплата на плати за вработените, пратениците и функционерите во Собранието. Пресметката за потребните средства за 2026 година предвидува плати и надоместоци на плати за 244 собраниски службеници, 35 помошни технички лица, 11  вработени собраниски службеници, 11 посебни државни службеници во Кабинетот на претседателот, потпретседателите, генералниот секретар на Собранието, 120 пратеници, со пресметка за дополнителни средства за претседатели на работни тела, координатори на пратенички групи и генералниот секретар, како и замениците на генералниот секретар. Планирани се нови вработувања согласно Предлог-годишниот план за 2026 година за 14 собраниски службеници  и едно помошно техничко лице по пат на јавен оглас и 10 унапредувања на интерен оглас. Врз основа на Законот на Собранието, Стратешкиот план на Собранието, а пред се, имајќи ги во предвид и постојаните тековни активности на Собранието, проценетите вредности на јавните набавки, како и проценка на вредностите за плати, и надоместоци на плати, согласно потребите на Собранието во Буџетот за 2026 година за раздел 02001 на Собранието потребни се вкупно 1.195.000.000 денари на сметка на основен буџет 637 кои се усогласени со вкупниот износ во проекцијата за фискалната стратегија за  2026 година и вкупно 21.500.000 на сметка на донации 785, рече на денешната седница на Буџетскиот Совет генералната секретарка на Собранието Марина Димовска.

Во Буџетот на Собранието за 2026 година се планираат средства во вредност од 122,5 милиони денари за уредување на површината на просторот околу објектот на Собранието, кој што со закон е прогласен за безбедносна зона.

Средствата се планирани за материјали, поправки и одржување, договорни услуги, оперативни расходи, урбана опрема, подготвување на проект за безбедносна зона, изградба на други објекти, односно безбедносна зона и надзор над изградба на истите. Направено е поради усогласување на новите акти за внатрешна организација и систематизација на работните места во служба на Собранието. Новите акти се направени врз основа на функционална анализа на службата на Собранието, што беше подготвена со тим експерти кои се ангажирани од страна на Фондацијата Вестминстер. На овој начин, тука правиме само една техничка измена. Немаме промена во однос на вработувањата и за истите ќе бидат распишани огласи за 2025 година откако ќе завршат локалните избори, рече Димовска.

Буџетскиот Совет ја изгласа одлуката за давање финансиска согласност на Годишниот план за 10 унапредувања и 15 нови вработувања во Службата на Собранието за 2026 година.

За стоки и услуги се планираат вкупно 220 милиони денари кои се утврдени согласно реалните потреби на Собранието. На ставка за патни и дневни расходи планираните средства се за исплата на надоместоците за патни расходи на пратениците со пресметка до 20 проценти од вредноста на горивото по изминат километар, за набавка на авио билети, сместување и дневници во странство за вработените во службата на Собранието  и за пратениците со цел остварување на меѓународна соработка.

За ставката привремени вработувања планирани се вкупно 24 надворешни соработници советници кои Собранието ќе ги ангажира за потребите на пратеничките групи, а за капиталните расходи се планираат вкупно 96.500.000 денари кои меѓу другото ќе бидат потрошени за опрема за ИП телефони, сервер клима, уреди, обновување на систем за ПП, заштита во сервер соба, безбедносен и системски софтер, дигитализација на деловните процеси, систем за дигитално потпишување на документи, веб базирано на софтверско решение за корисничко дигитално потпишување и надградба на постоечки системи за адаптивно одржување.

Буџетскиот Совет денеска ја изгласа и одлуката за обезбедување средства за финансирање на договорни услуги за асистентите на пратениците, како и за покривање на оперативни расходи за функционирање на канцелариите за контакт на пратениците со граѓаните за 75 асистенти, кои ќе добиваат по 12 илјади денари.

Во потпрограмата  22 се предвиудени зафати на собраниската зграда – за поправка на зградата, платформи за инвалидни лица, проект на цевководна инсталација, се предвидува и тоалет за лица со хендикеп и проект со ревизија за техничко – технолошко реновирање на салата „Борис Трајковски“ .

За Собранискиот канал за 2026 година предвидени се средства во износ од 8.800.000 денари. За потребите на Парламентарниот институт планирани се 15.000.000 во однос на организирање на обуки, посети на Собранието, патни и дневни расходи, поправки, одржување на системите за опрема, оперативни расходи, софтвер за дигитализација на извештаи и статистика…

На седницата, членовите на Буџетскиот Совет го изгласаа и Стратешкиот план на Собранието на Република Северна Македонија за периодот 2026-2030 година, кој ќе содржи шест стратешки цели на законодавниот дом – функционален, отворен, дигитален, безбеден парламент, со парламентарна дипломатија и ефикасни услуги од службата.

буџет Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Најмалку седуммина загинати, 44 повредени и 20 исчезнати во масовниот руски напад — во Кијив утре е Ден на жалост

ВЕСТИ May 14, 2026

Седум луѓе загинаа, а 44 се повредени во комбинираниот руски напад со ракети и дронови…

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.