Author: Marija Todorovska

Престојување во затворени, разладени простории, особено во периодот од 11 до 17 часот, внесување доволно течности, избегнување алкохол и засладени пијалоци, носење лесна, светла облека и користење заштита за глава и очи, избегнување физичка активност во најтоплите часови од денот, посветување внимание на деца, стари лица, лица со хронични заболувања и бремени жени, да се одложат активности на отворено во најтоплиот дел од денот и да се обезбедат микроклиматски услови (разладени простории со температура до 25 степени Целзиусови) на работното место и во домот, а во случај на симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс веднаш да се побара…

Read More

Кривичниот суд соопшти дека е продолжен притворот на обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Воедно, оттаму информираат дека обвинителниот акт е веќе доставен до сите обвинети и нивните адвокати, а откако ќе го примат, започнува рок од осум дена за приговор. По истекот на тој рок, судечкиот совет ќе заседава и ќе ја извести јавноста за следните чекори. Судот, исто така, потврди дека Основното јавно обвинителство Скопје ќе го води понатамошниот дел од постапката.

Read More

Советот на ЕУ денеска во последна фаза ја усвои Регулативата за постепено воведување на новиот Систем за дигитално управување за влез и излез на надворешните граници на Европската Унија (ЕЕС).

Read More

Македонскиот олимписки комитет ја претстави младинската олимписка делегација која ќе ја претставува Македонија на Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025. Оваа година, земјата ќе настапи со рекорден број од 203 учесници, меѓу кои 181 спортисти, придружени од тренери, официјални лица и доктори.

Read More

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, која се сомничи дека во периодот од мај до декември 2024 година, на неповикано лице обвинето во предметот „Адитив“ му сторила достапни податоци кои се сметаат за службена тајна. Воедно, на Димитровска ѝ се става на товар и дека незаконски го добила сертификатот за класифицирани информации.

Read More

Џабир Дерала, главен и одговорен уредник на Цивил Медиа и основач и претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода, е назначен за нов генерален секретар на New European People’s Forum (NEPF) или Нов европски граѓански форум.

Read More

Париз:  Европската вселенска агенција (ЕСА) го финансира развојот на хиперсоничен вселенски авион, за којшто се очекува да полета до 2031 година, како што се наведува – ако сè оди според планот.

Read More

Неверојатно археолошко откритие на брегот на Охридското Езеро во Албанија, кај Лин, каде што археолозите веруваат дека ја пронашле најстарата подводна населба некогаш изградена на езеро во Европа, со докази за организирана заедница на риболовци и земјоделци кои живееле до пред 6 до 8 илјади години.

Read More

Вработените од „Флораком“ која е фирма ќерка на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ денеска одржаа протест пред влезот на јавното претпријатие и блокираа раскрсница на булеварот „Илинденска“ поради неисплатена плата за месец јуни и останати надоместоци. Тие изјавија дека доколку до 22 јули не им биде исплатена платата за месец јуни повторно ќе ја блокираат раскрсницата.

Read More

Хјустон: Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација – НАСА објави дека вселенското летало на „Боинг старлајнер“ ќе полета повторно во Вселената во 2026 година, но тоа ќе биде товарна мисија во којашто нема да биде вклучен човечки екипаж.

Read More