Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протест пред „Паркови и зеленило“ поради неисплатена плата на вработените во „Флораком“

0
By Marija Todorovska on July 18, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Фото: МИА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 18, 2025 12:04

Вработените од „Флораком“ која е фирма ќерка на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ денеска одржаа протест пред влезот на јавното претпријатие и блокираа раскрсница на булеварот „Илинденска“ поради неисплатена плата за месец јуни и останати надоместоци. Тие изјавија дека доколку до 22 јули не им биде исплатена платата за месец јуни повторно ќе ја блокираат раскрсницата.

Претседателот на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ), Стојанче Кашиковски изјави дека по одржаниот протест на 10 јули се одлучиле за радикализација на нивните протести преку блокирање на влезот на ЈП „Паркови и зеленило“ и „Флораком“. Тој рече дека вработените во „Флораком“ веќе подолг период се соочуваат со нередовна исплата на плати, не им е исплатено здравствено и пензиско осигурување.

Се соочуваме со проблем поголем број од работниците кои се хронични болни да не можат и својата редовна терапија да ја земат. Покрај нашите писмени известувања, барања да се сретнеме со менаџментот за надминување на проблемот, за жал, нема слух од таа страна. На 10 јули кратко се видовме со менаџментот и беше ветено дека до 15 јули ќе биде исплатена плата за месец мај. За жал до 15 јули како што беше ветено таа не беше исплатена. После најавата за овој протест во текот на вчерашниот ден повторно под притисок беше исплатена една плата. За жал вработените од „Флораком“ ја немаат земено платата за месец јуни. Законскиот рок беше 15 јули, рече Кашиковски.

Покрај овие проблеми, посочи тој, вработените во „Флораком“, „Паркови и зеленило“ и „Луна“, фирма ќерка на „Паркови и зеленило“ ги немаат земено останатите надоместоци кои следуваат согласно Колективниот договор, односно не е испочитувана спогодбата за исплата на регрес за годишен одмор, не е исплатен новогодишен додаток. Воедно, додава тој, цело време има ветување од страна на менаџментот дека тоа ќе се среди на рати, но веќе шест месец тоа не е исполнето.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа кои се причините за неисплаќање на платата и што им е кажано од страна на менаџментот Кашиковски рече дека им биле дадени различни образложенија, но знаат дека од страна на Град Скопје редовно се дават субвенции, а вработените редовно ги извршуваат своите обврски. Значи, појасни тој, налозите кои пристигнуваат за подигање расади, садници од страна на „Паркови и зеленило“ се исполнети од вработените, меѓутоа фактурите по тие налози не се исплатени.

 Причината не ја знаеме, таа треба да се побара кај менаџметот и во Град Скопје. На наше инсистирање во последните шест месеци во повеќе наврати писмено и телефонски се обидовме да оствариме контакт со менаџментот и имавме само една средба, додаде Кашиковски.

Паркови и зеленило плати протест флораком
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.