Author: Marija Todorovska

Министрите за внатрешни работи на Хрватска, Словенија и Италија по денешната средба во хрватскиот град Бузет најавија дека заедничката соработка меѓу полицијата и министерствата за внатрешни работи на тие три земји ќе се прошири и на земјите од Западен Балкан со цел да се спречи илегалната миграција и шверц на луѓе.

Read More

Во рамки на програмата„ Seeing is Believing“ за градење на јавното разбирање за НАТО и отпорноста на Балканот, група новинари од Северна Македонија и Црна Гора престојуваат во Талин, каде во рамките на посетата Цивил Медиа направи кратко видео интервју со ко-директорот на проектот, Едвард Џозеф, експерт за управување со конфликти со петнаесетгодишно искуство на терен, како и предавач и аналитичар за надворешна политика. Во неговите десетина години поминати на Балканот, тој служел за време на војните во секоја земја погодена од конфликтот, вклучително и на задачи во Босна, Косово и Македонија.

Read More

ЏАБИР ДЕРАЛА / Цивил Медиа Политички мотивираните постапки и притисоци врз луѓето се интензивираат. Во неколку општини во Скопје, каде што на власт се градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, луѓето означени како „политички неподобни“ се деградираат и се разместуваат на оддалечени места. Се води вистинска хајка против сите за кои локалните вмровски властодршци се сомневаат дека не мислат исто како нив. Освен уназадувања и распоредување на апсурдни работни места, тие се мета и на навреди и закани.

Read More

Криволов на велешкиот риболовен ревир „Вардар 4“ и езеро „Младост“ има, но тој во последниве пет-шест години е драстично намален, па и десетпати помалку. Лани се фатени 20 мрежи во криволов, но не и нивните сопственици, па нема кривични пријави. Последните години риболовците се одлично екипирани со мобилни телефони и на време се предупредуваат меѓу себе кога доаѓа рибочуварската служба, информираат од ЗСР „Бабуна“ од Велес.

Read More

Руската пропаганда продолжува да создава негативна слика за украинската влада и мобилизацијата. На социјалната мрежа TikTok се споделува видео од шест секунди во кое се појавува Олексеј Данилов, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина.

Read More

И покрај многубројното неисполнување на изборните ветувања во двете години од нивното владеење со градовите Велес и Битола, градоначалниците на овие две општини од редовите на опозициската ВМРО-ДПМЕ, партијата на Христијан Мицкоски, со астрономски високи цени од реалната на пазарот купиле машина за бележење хоризонтална сигнализација.

Read More

Дивата депонија за која пред неколку дена пишуваше Фронтлајн, која се наоѓа околу контејнери на улицата Фрањо Клуз во општина Аеродром во Скопје, за една недела се прошири и надгради.

Read More

Воздухопловот специјализиран за команда, контрола и надзор, А-50 АВАКС на руските воздухопловни сили успешно го лоцирааше крстосувачот Москва на дното на морето.

Read More

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вети одржлива американска поддршка за Украина на денешната средба со претседателот Володимир Зеленски, и покрај спорот во американскиот Конгрес за одобрување на ново финансирање.

Read More

Во Општина Шуто Оризари, во присуство на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан и градоначалникот Курто Дудуш, денеска беше потпишан договор за реализација на проект за изградба на Ресурсен центар за повратници и лица во ризик во Општина Шуто Оризари.

Read More

оветот на ЕУ денеска одлучи да додаде уште по еден поединец на своите листи за санкции на лица поврзани со терористичките активности на Хамас и на Исламската држава и Ал Каеда.

Read More