Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Едвард Џозеф: Црната листа на САД опфаќа политичари и ова е порака, паметните политичари би требале да сфатат, сега пред најавените изборите

0
By Marija Todorovska on January 16, 2024 ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 16, 2024 16:15

Во рамки на програмата„ Seeing is Believing“ за градење на јавното разбирање за НАТО и отпорноста на Балканот, група новинари од Северна Македонија и Црна Гора престојуваат во Талин, каде во рамките на посетата Цивил Медиа направи кратко видео интервју со ко-директорот на проектот, Едвард Џозеф, експерт за управување со конфликти со петнаесетгодишно искуство на терен, како и предавач и аналитичар за надворешна политика. Во неговите десетина години поминати на Балканот, тој служел за време на војните во секоја земја погодена од конфликтот, вклучително и на задачи во Босна, Косово и Македонија.

ЦИВИЛ: Според Вас, кој е придонесот на помошта од сојузниците, првенствено од Соединетите Држави, за украинската борба за деокупација?

ЏОЗЕФ: Западната помош предводена од Соединетите Држави е егзистенцијална за Украина. Не би можеле да го користите зборот важна, би морале да го користите зборот егзистенцијална, што значи, каде ќе беше Украина без оваа помош. А за Соединетите Држави, она што е толку интересно е што тоа што САД го обезбедуваа ги премина сите црвени линии. Значи, на почетокот она што Соединетите Држави го обезбедуваа беше многу ограничено. Сега, САД обезбедија дел од својата најнепредна опрема, вклучувајќи ја оваа ракета ХИМАРС. Тоа е артилеријата ХИМАРС што може да ја користи таа специјална ракета наречена АТАКМС, што има неверојатен домет од 300 километри, со точност до 10 метри. Значи, ова е навистина она за што зборуваме и тоа е видот на опрема што САД и нивните сојузниц ја обезбедуваат, има и тенкови, но ова сé уште не е доволно. Сé уште не е доволно од сé она што ѝ е потребно на Украина. Тоа е голем дел од она што ѝ е потребно, но не сé што и треба. А Украина и понатаму ќе има потреба од оружје, дури и помалку софистицирано оружје, само обични артилериски гранати, само обични артилериски гранати што ќе можат да ги користат во ова војна, која комбинира напредни тактики и некои многу стари тактики.

ЦИВИЛ: Како го оценувате учеството на Северна Македонија во безбедносната структура на НАТО и помошта која ја обезбедува на Украина?

ЏОЗЕФ: НАТО е неверојатен пример за лојалност кон алијансата, лојалност кон Украина. Северна Македонија обезбеди толку многу опрема, далеку повеќе од нејзината големина за Украина и вклучува многу важен материјал, значаен материјал од воена вредност, вистинска воена вредност за Украина. Северна Македонија обучува украински војници, што е многу важно. Северна Македонија, исто така, е сто проценти конзистента во својот пристап кон поддршката на Украина, поддржувајќи ја позицијата на НАТО, но и на Европската Унија за тоа кој е одговорен за оваа војна, а тоа е Русија, и без никакво прашање за тоа. Значи, воено, тоа што Министерството за одбрана на Северна Македонија го обезбеди е многу важно за Украина.

ЦИВИЛ: Црната листа на САД неодамна се надополни со уште еден претставник на бизнис заедница, поврзани со политичките структури. Дали мислите дека ова го стеснува кругот и дека следни на листата ќе бидат поранешен или сегашни политичари поврзани си висока корупција?

ЏОЗЕФ: Па, ќе ви кажам дека црната листа на САД е многу значајна. За некој да се најде на таа црна листа, кој не беше само политичар, туку поранешен висок функционер во Северна Македонија, вицепремиер, значи дека ова не е само бизнис круг. Ова се многу значајни поранешни функционери, нема нешто многу повисоко од поранешен вицепремиер, а и не треба да се исклучува ниту едно име. Видете, поранешниот премиер Никола Груевски беше ставен на оваа листа минатата година од страна на Соединетите Држави за „значителна корупција“. Ова беше терминот што САД го користеа. Јас едноставно цитирам од офијалното соопштение на САД. Значи, ова опфаќа политичари и ова е порака, навистина, мислам дека паметните политичари сега би требале да сфатат пред изборите кои се најавени. Значи, знаеме дека претстојат избори на пролет.

Така што, според мене, најмудрото нешто што треба владата да направи, а ова особено се однесува на владата предводена од СДСМ, најпаметното нешто што би можеле да направат е во Собрание да ги повлечат овие измени на Кривичниот законик. Тоа е она што треба да го направат. Пишував за ова во мојата статија минатиот месец, во октомври, во Science Review. И ова беше многу штетно, тоа беше спомнато и од Европската комисија во извештајот што излезе за македонскиот напредок. И најдоброто нешто, најдобриот политички потег за да ги привлечат граѓаните би бил владата во парламентот да каже згрешивме и ќе ја поправиме таа грешка сега и ќе го повлечеме овој закон и ќе ги повлечеме измените на Кривичниот законик и ќе го вратиме законикот како што беше.

Драган Мишев / Цивил Медиа
Камера/фото: Драган Мишев
Монтажа: Ариан Мехмети
Транскрипција и превод: Наташа Цветковска

Едвард Џозеф НАТО САД Украина црна листа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 12, 2026Updated:June 12, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

ВЕСТИ June 12, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави и Иран се на чекор до…

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026

САД – Канада – Мексико: Во 21.00 часот по средно европско време почнува 23-то Светско првенство во фудбал

June 11, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.