Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Томе Христов
Во 13 часот попладне, по телефон и по итна партиска наредба биле повикани 20-тина ученици да дојдат во училиштето со цел да се изврши екстерно тестирање, пишува во реакцијата на училиштето
Од три средни училишта во Струмица, единствено во СОУ„ Димитар Влахов“ немаше екстерно тестирање. Најголем дел од професорите во струмичките училишта штрајкуваат, но дел од нив, како што ги нарекуваат штрајкбрехери, го спроведуваат екстерното тестирање на учениците од четврта година
Околу 250 барања за проценки на штетите се поднесени од најпогодените места, Просениково, Сачево, Муртино и Дабиле во струмичкиот регион. Жителите чистејќи ги своите поплавени домови, со солзи во очите ни ја опишуваа катастрофалната состојба
Се поголем е бројот на наставници и професори кои се приклучуваат кон штрајкот во струмичките населени места, но истите се под големи притисоци и закани, велат од СОНК во струмичкиот регион.
По десетина минути барајќи го крстот во водите на базенот„ Аквариус“ во Струмица, светиот крст го извади 23-годишниот Иво Јонков, од Република Бугарија. Од дваесетина учесници, годинава имаше пријавено и гости од Бугарија и токму тие имаа среќа да го фатат светиот крст
Во вторник нема да има настава во основните и средните училишта во Струмица, велат од регионалниот синдикат на СОНК во Струмица. Професорите и наставниците ќе бидат на работните места, но нема да ги извршуваат своите задачи
Младите се иселуваат од државата, нацијата старее, наталитетот се намалува. Ваквата појава е доста изразена во помалите населени места низ земјата. Бројките од Државниот завод за статистика се застрашувачки. Падот на наталитетот во некои општини изнесува над 60 проценти, што претставува загрижувачки факт
Тутунарите од струмичкиот регион излегоа на протест и го блокираа магистралниот пат Струмица – Радовиш. Незадоволни од начинот на откупот на тутунот, ниската цена и како што велат, потценувачкиот однос спрема тутунот, целосно ја деградирало нивната работа и егзистенција
Како поддршка на тутунопроизводителите кои се незадоволни од проценката на тутунот од годинашното производство, земјоделците од струмичко – радовишкиот регион најавија блокада на магистралниот пат Струмица – Радовиш
Во моментот струмичкиот автобус со студенти се наоѓа пред влезот во Скопје и како што велат за НОВА сепак полицијата не успеала во своите намери да го саботираат протестот
„Во изминатите два дена, значи од почетокот на откупот, се откупени 1.200.000 килограми тутун при што добиената просечна цена е 121 денар за килограм откупен тутун, изјави денеска Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Румен Стаменов.
Ни испраќаат преку откупните пунктови во населените места термин кога да го носиме тутунот, не направија како пациентите во здравството кои имаат мој термин, велат тутунопроизводителите од струмичкото село Костурино