Author: Влатко Чаловски

Единствен кој пројави интерес за објектот познат во јавноста како „споменикот на Ќосето“ е Општина Сопиште, која планира да го постави на кружниот тек кој ги поврзува Сопиште и Сончев Град.

Read More

Со првиот амбасадор на Република Македонија во Грција, Љупчо Арсовски, разговараме за тоа каков сигнал дава вклучувањето на германската канцеларка, Ангела Меркел, во напорите за решение на спорот со името меѓу Атина и Скопје, за тоа какво е расположението внатре во Грција во однос на терминот „Македонија“, дали е можно да се очекува решение и кои се пораките кои Меркел ќе им ги посочи на премиерите на двете земји. https://www.youtube.com/watch?v=xhJEYl10YWA Германска поддршка за решение на спорот со името

Read More

Нема план Б, прашањето со името е во моментов најголемата пречка за членство на Македонија во НАТО, порача денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг по средбата со премиерот Зоран Заев во Владата. Оваа изјава, Столтенберг ја даде на новинарско прашање дали е можно Македонија да стане членка на НАТО а притоа да го решава проблемот со името. „Спорот за името со Грција мора да се реши. Нема друг начин за влез на земјата во НАТО. Ова беше нагласено на Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, а потоа повторено на Самитот во Велс во 2014 и во Варшава…

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=tU0yiVICOXU Во присуство на највискиот државен врв и претставници на верските заедници, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, од собраниската говорница ја пофали Македонија за напредокот и реформите за кои рече дека ја отвораат можноста за полноправно членство во Алијансата. Како што нагласи Столтенберг, настаните од 27.април биле шок за него и за земјите членки на НАТО, но исто така бил импресиониран од напредокот постигнат од 27.април наваму. „Настаните во април во оваа сала ме шокираа и мене и членките на НАТО, но импресионирани сме од напредокот последните девет месеци, од создавањето на нова, инклузивна политичка култура“, рече генералниот секретар…

Read More

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во Македонија пристигнува денеска во вечерните часови, а своите официјални средби ги започнува утре во 9 часот со министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Се работи за прва посета на највисокиот претставник на НАТО од 2014 година, кога Андерс Фог Расмусен ја посети Македонија кон крајот на својот мандат. По 45 минути од средбата со Димитров, Столтенберг оди во резиденцијата на претседателот Ѓорѓе Иванов, а во 10.30 часот ќе го посети Министерството за одбрана на средба со министерката Радмила Шеќеринска. Ова ќе биде прва посета на еден генерален секретар на НАТО во просториите на…

Read More