Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Посетата на генерален секретар на НАТО прва по 2014 година

0
By Влатко Чаловски on January 17, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 17, 2018 13:50

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во Македонија пристигнува денеска во вечерните часови, а своите официјални средби ги започнува утре во 9 часот со министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Се работи за прва посета на највисокиот претставник на НАТО од 2014 година, кога Андерс Фог Расмусен ја посети Македонија кон крајот на својот мандат.

По 45 минути од средбата со Димитров, Столтенберг оди во резиденцијата на претседателот Ѓорѓе Иванов, а во 10.30 часот ќе го посети Министерството за одбрана на средба со министерката Радмила Шеќеринска.

Ова ќе биде прва посета на еден генерален секретар на НАТО во просториите на ова министерство по една деценија.

Од Одбрана брифираат дека пред првиот човек на Алијансата имаат со што да се пофалат, односно пред него ќе ги претстават реформите, како што е покачувањето на буџетот за одбрана за 15 отсто од сегашниот и реформата на Владата за сукцесивно зголемување на буџетот од 2019 за 0.2 отсто за до 2024 година да стигне на 2 отсто од БДП.

Воедно од министерството дополнуваат дека пред Столтенберг ќе ја покажат нивната транспарентност, односите со другите држави и новиот дух на сегашната Влада, а од него очекуваат освен со посетата и преку изјава да ја потврди заложбата на Македонија на својот пат кон НАТО Алијансата.

Односно, Столтенберг треба да потврди дека секоја држава како што во моментов Македонија го прави тоа, која ги исполнува критериумите и стандардите, многу брзо би требало да се најде како полноправен член на НАТО.

По средбата со Шеќеринска, Јенс Столтенберг ќе се сретне со собранискиот спикер Талат Џафери, по што ќе следат одвоени средби во Законодавниот дом и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, па со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Во 15 часот, Генералниот секретар на НАТО ќе биде пречекан во Владата со највисоки државни и воени почести, по што ќе следи средба со премиерот Зоран Заев па заедничка прес-конференција на двајцата.

Од Владата велат дека самата посета на Столтенберг била знак дека Македонија е на прав пат, односно дека Брисел ја препознава новата атмосфера која владее во Македонија, притоа потенцирајќи дека засега спорот со името со јужниот сосед Грција, останува единственото отворено прашање кое треба да се надмине за да бидат отстранети пречките кон НАТО.

Претставници на Владата брифираат дека тие работеле на посетата на Столтенберг од јуни минатата година, а тој доаѓа по покана на премиерот Зоран Заев.

За време на посетата ќе бидат активирани стандардните безбедносни мерки и регулацијата на сообраќајот за негово непречено движење низ Скопје.

Алијанса Зоран Заев Јенс Столтенберг Македонија НАТО Никола Димитров посета Радмила Шеќеринска реформи Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.