Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јункер: Македонија со својата историја е дел од Европа

2
By Влатко Чаловски on February 25, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 25, 2018 15:40

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер денеска изјави дека забележал сериозен напредок на Македонија на својот пат кон ЕУ, којшто ја доближува земјата до Унијата.

На заедничката прес конференција со премиерот Зоран Заев, Јункер истакна дека некои од реформите постигнати изминатите години го зачудиле светот.

Тој порача дека Македонија е дел од ЕУ и со својата историја е дел од Европа. Изрази поддршка за Владата, особено за премиерот Заев, за кого рече дека ја подобрил репутацијата на нашата земја.

Јункер денеска во Скопје особено истакна дека во Македонија не доаѓа за да каже конкретен датум за членство на земјата во ЕУ, но дека ако продолжи по патот, во 2018 година на Советот на ЕУ ќе може да му покаже дека земјата е подготвена со својот значителен напредок да ги започне преговорите.

Воедно претседателот на ЕК порача дека ЕУ не е само економска заедница, туку и заедница на вредности.

Пред неговото кусо обраќање, премиерот Зоран Ззаев рече дека Стартегијата којашто ЕК ја подготви за Западен Балкан е знак дека иднината на Македонија е во ЕУ, а дека Македонија и денеска пред Јункер ја повторила својата евроатлантстка определба.

Заев рече дека ЕУ во Стратегијата ги препознава досегашните резулати и напредокот во реформите иизрази надеж дека во јуни годинава, Европскиот совет ќе донесе одлука за отпочнување на преговорите.

Тој се осврна на добрососедската политика која ја практикува новата влада и рече дека по Дооговорот со Бугарија, Македонија оди кон решение на проблемот којшто Грција го има со наштето уставно име.

Заев повтори дека за Владата е прифатлива географска одреднца која ќе ја издвои наштаа држава од грчкиот регион.

Во однос на името пак, Јункер рече дека не сака да додава ништо, туку дека нашата држава со грчките пријатели треба да го затвори ова прашање.

По средбата со Заев и состанокот на ниво на делегации, Јункер заминува за Албанија, која исто така е дел од неговата балканска турнеја.

 

Грција датум ЕУ Заев името Јункер Македонија реформи членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.