Author: Влатко Чаловски

Горан и Благородна Ристоски од Копанце се родители на четири деца. Едното им починало во февруари годинава а друго не живее со нив. Сега живеат со синот и ќерката и со таткото на Горан во крајно неповолни услови, заборавени од државата. Мајката и ќерката и двете страдаат од епилепсија и секојдневно примаат лекови кои за нив за скапи. Горан е невработен и нив итно им е потребна помош за барем малку да му се насмевнат на животот. [polldaddy survey=”8A989992862E61CA” type=”slider” title=”Учествувајте во нашата анкета!” body=”Дали Ви се допадна содржината на видеото?” button=”Започнете »”]

Read More

Абдураим Имери, неговата мајка и браќањата се сопственици на приватен имот во индустриската зона помеѓу Пинтија и Драчево, а на кој, според неговите тврдења, денес ЕВН во присуство на претставници на судот и полицијата влезе присилно за да отпочне поставување на далновод. Од друга страна, од ЕВН велат ако истиот не се постави, постои сериозна опасност за снабдувањето со електрична енергија на 50.000 корисници од Драчево и градот Скопје. https://www.youtube.com/watch?v=CmEjXykohF8 Имери го купиле земјиштето пред година и пол и на него планираат изградба на фабрика во која вели тој, најмалку 300 луѓе ќе работат, но пред три дена добил известување…

Read More

Што се случи со Европската Унија за Британците да побараат излез од неа? Кој е виновен? Во прилог неколку „виновници“ за случувањата околу ЕУ од грчкиот бог Зевс до Виктор Орбан па преку европските договори. https://www.youtube.com/watch?v=7QsxSYuIxjM [polldaddy survey=”8A989992862E61CA” type=”slider” title=”Учествувајте во нашата анкета!” body=”Дали Ви се допадна содржината на видеото?” button=”Започнете »”]

Read More

Актуелниот претседавач со конститутивната седница, кој сега веќе е поранешен собраниски спикер, Трајко Вељаноски ја прекина седницата која ќе продолжи утре во 11 часот. Откако пратениците од СДСМ апелираа наместо да се троши време од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за меѓусебни реплики и контра-реплики додека се расправа за избор на Комисијата за избори и именувања, и да се премине на избор на нов собраниски спикер, Вељаноски изрази надеж дека утрешниот ден ќе донесел нешто ново во Законодавниот дом. Тој се обврза секоја наредна седница со која ќе претседава до изборот на нов претседател на Собранието, да ја започнува во 11 часот.…

Read More

Започна продолжението на конститутивната седница на која денеска треба да се избере претседател на Комисијата за избори и именувања и нејзини членови. Претходно, на координативна средба, партиите договорија оваа комисија да брои 13 члена во однос 6 ВМРО-ДПМНЕ, 5 СДСМ, 1 ДУИ и 1 Беса. Подоцна во текот на седницата треба да се избере и претседател на Собранието. Прв за збор се јави Антонио Милошоски кој пред своите колеги истакна дека претседателот треба да биде од редовите на ВМРО-ДПМНЕ која победила на изборите, а Собранието не смеело да го води личност која ја нема осудено Платформата на Албанците. Во галеријата…

Read More

Ако за некого пораките од ЕУ и САД, од пред Пржинските договори се до изборите беа дипломатски и партиите можеа да ги толкуваат различно, вчерашната порака на еврокомесарот Јоханес Хан до лидерите е јасна: „Македонија нема време за губење, Иванов да ја преиспита одлуката да не го додели мандатот, треба да се почитува, според Уставот, создавањето на парламентарно мнозинство“. Сите лидери на партиите кои вчера се сретнаа со Хан, освен Никола Груевски, дадоа изјава и во секоја од нив истата порака, односно дека Собранието треба да почне да функционира и што побрзо да се формира влада која ќе работи на…

Read More

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан и тројцата европратеници Едвард Кукан, Иво Вајгл и Кнут Флекенштајн вели нивната порака била „јасна како бел ден“. – Секој ден e изгубен, изгубен за Македонија и за македонските граѓани. Ние остануваме со целото внимание насочени кон демократските процеси во земјава. Очекувам од новиот претседател на Собранието да го извести претседателот на државата за новото парламентарно мнозинство, кој во следните 10 дена ќе може да го даде мандатот. Јас се надевам дека ќе има сенс од сите политички партии, затоа што сите ние постоиме поради иднината на Македонија. Веруваме…

Read More

Како што рече Ахмети тие остануваат на ставот дека ја дале поддршката на Зоран Заев и СДСМ и дополни дека доколку е потребно да се гласа за Влада без претседателот Иванов да го додели мандатот, тие ќе ја почитуваат својата одлука за поддршка на СДСМ.

Read More