Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Далновод на приватен имот, семејството Имери во спор со ЕВН

0
By Влатко Чаловски on April 5, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 5, 2017 18:09

Абдураим Имери, неговата мајка и браќањата се сопственици на приватен имот во индустриската зона помеѓу Пинтија и Драчево, а на кој, според неговите тврдења, денес ЕВН во присуство на претставници на судот и полицијата влезе присилно за да отпочне поставување на далновод.

Од друга страна, од ЕВН велат ако истиот не се постави, постои сериозна опасност за снабдувањето со електрична енергија на 50.000 корисници од Драчево и градот Скопје.

Имери го купиле земјиштето пред година и пол и на него планираат изградба на фабрика во која вели тој, најмалку 300 луѓе ќе работат, но пред три дена добил известување дека ЕВН таму ќе отпочне со поставување на инсталација за пренесување на електрична енергија.

– Поседуваме документ, имаме имотен лист, земјиштето е купено пред година и пол, општината ни кажа дека можеме да градиме објект за производство, сега ЕВН дојде и побара да постави бандера, а земјиштето е мое. Ова е странска инвестиција, секаде во светот ги молат инвеститорите а ние ги бркаме, вели Абдураим Имери.

Тој дополнува дека ги почитува законите и државата, но вели, има документи за да го брани својот имот. Бил известен од страна на присутните надлежни лица дека дека во наредниот месец на неговиот имот ќе работи механизација која ќе го инсталира далноводот.

Неколку минути пред 14 часот, екипата за работа и механизацијата веќе беше пристигната, а потоа пристигнаа и неколку полициски возила за да обезбедат пристап внатре во имотот.

По речиси половина час расправија, беше отстранет еден од сопствениците, бидејќи како што рекоа извршителите, пречел во работата, за потоа присилно да влезат на земјиштето со механизацијата.

Но ЕВН пак, реагира дека далноводот постоел многу години пред да се појави семејството Имери, кое знаело точно кога го купувало земјиштето дека таму е предвидена инсталацијата.

„Ако не се постави новиот челичен решеткаст столб на далноводот кон Драчево, во сериозна опасност е доведено снабдувањето со електрична енергија на 50 000 корисници од Драчево и на градот Скопје. Овој далновод постои многу години пред да се појават сегашните сопственици или поточно пред да го купат земјиштето. Кога пред две години се свлече земјишттето и падна столбот, местото каде што треба да се постави новиот столб беше на Р. Македонија, а корисник сосема друго лице. Во последните две години ова земјиште е приватизирано и откупено од сегашните корисници. Две години ЕВН преговара со сопствениците и тие ништо не прифаќаат, планирајќи да градат други објекти на оваа локација. Но ЕВН не смее да го доведе во прашање снабдувањето на 50 000 граѓани и затоа со ова извршно судско решение почнавме да го поставуваме столбот“, се вели во реакцијата на ЕВН.

Сопствениците од Скопје, со судско решение се задолжени да не го попречуваат поставувањето на столбот.

далновод Драчево ЕВН електрична енергија спор струја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.