Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Влатко Чаловски
Фехим Мујовиќ, кој живее во селото над 20 години вели, иако секоја година се справувааат со недостаток од вода, ова е најдолгиот период кога тие останале без основната потреба на еден човек.
Народниот правобранител утврди дискриминаторска содржина во учебникот „Општество“ за 4-то одделение
Фудбалскиот Супер Куп кој го организира УЕФА на 8.август е несомнено настанот кога Скопје би требало да заличи на европска фудбалска престолнина
Посредникот во спорот рече дека не се разговарало за конкретни предлози, односно ниту новата Влада ниту тој не ставиле на маса нешто ново, и дека е рано да се зборува за конкретно решение
Галеријата на икони во Музејот на Македонија, каде што се чува културно наследство на земјава, над три месеци е во катастрофална состојба
Дарко Јовчевски е еден од креаторите на „Вело Кафе“, кое пак прерасна како дел од Градскиот парк во Скопје. Се работи за троколка од која можете да набавите кафе или свежи сокови, а воедно е и пријател на природата. Гратис кафе во следните три месеци, ако однесете искористени батерии кај луѓето од „Вело Кафе“. https://www.youtube.com/watch?v=2Anj65Zzu1Y
На инклузивна консултација Владата денеска оствари работен состанок со невладиниот сектор и медиумите, каде се предложени пет теми за работни групи кои ќе дадат свој придонес кон Итните реформски приоритети. Премиерот Зоран Заев, потенцирајќи дека реформите се неопходни за членство на Македонија во НАТО и во ЕУ, рече дека владините очекувања се до крајот на годинава да се добие чиста препорака за преговори со ЕУ, а наредната да се добие и датум за отворање на поглавјата за полноправно членство. „Намерата на Владата е до крајот на годината, Република Македонија да добие чиста препорака за почеток на преговорите со Европската Унија,…
Студентскиот пленум ќе биде дел од работната група која ќе работи на измени во Законот за високо образование, информираше денеска министерката за образование и наука, Рената Дескоска по средбата со претставници на студентската организација. Како што рече таа, како автентично движење кое го претстави својот револт за неопходните реформи во образованието, Пленумот треба да биде дел од групата која ќе ги подготвува измените. https://www.youtube.com/watch?v=C4yvOOJm-D4 „Се што било досега изработено, ние ќе го искористиме како појдовна основа, но во работната група ќе биде отворена можноста и за изворно истакнување на ставовите на студентите коишто ќе бидат земени во предвид“, рече Дескоска.…
Министерката за образование и наука, Рената Дескоска, најави ревизија на учебниците на сите нивоа на образование, на што ќе работат експерти и комисии и секоја содржина за која ќе се утврди дека е погрешна, односно дека поттикнува говор на омраза или дискриминација, ќе биде отстранета. По средбата со Студентскиот пленум во просториите на МОН, Дескоска рече дека ваква реформа најавила уште на првиот ден од мандатот, за наставните програми и учебници по сите предмети. https://www.youtube.com/watch?v=ddRjwWTKTas – Ревизијата на сите учебници ќе биде дел од еден процес што ќе биде дебатиран на експертско ниво. Јас во моментов во Министерството имам добиено…
Една минута вести. https://www.youtube.com/watch?v=K5MNuoW4a_4 https://www.youtube.com/watch?v=uDJ3AFKhpDY
Екс директорот на УБК, Сашо Мијалков излезе од СЈО каде беше на распит но иако пред влегувањето рече дека по распитот ќе одговори на прашањата на новинарите, тој ги избегна камерите. На прашањата не одговари ниту Љупчо Шврговски, новиот правен застапник на Мијалков за случаите кои СЈО ги води против него. СЈО го сомничи поранешниот прв човек на УБК во три предмети „Талир“, „Тортура“ и „Таргет“. https://www.youtube.com/watch?v=Td3Otu0l0FY
Премиерот Зоран Заев денеска беше повикан во Специјалното јавно обвинителство, како што информираше тој, во својство на оштетен во случајот кој СЈО го води под кодно име “Таргет”. https://www.youtube.com/watch?v=c9KAXU-vR8E&feature=youtu.be Одговарајќи на новинарско прашање во однос на прислушувањето, кој би бил новиот директор на УБК, и дали постои можност Верушевски да дојде на таа позиција, Заев рече дека ексдиректорот на оваа институција ги исполнувал сите услови, но дека, најважно му е на чело на УБК да застане експерт кој ќе биде соодветна гаранција дека во Македонија службите работат соодветно. Дополнително одговарајќи на новинарско прашање, зошто со истрагите на СЈО се опфатени…