Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Правобранителот прифати претставка за дискриминаторски учебник

3
By Влатко Чаловски on July 7, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 7, 2017 16:59

По претставката упатена од страна на 40. мајки преку Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ до Народниот правобранител минатата година за содржината во учебникот по „Општество“ за четврто одделение, Омбудсманот ја уважил и заклучил дека истата е дискриминаторска.

Во една од активностите, според содржината на учебникот, од децата се бара да донесат фотографија од свадбата на нивните родители и да одговорат дали се венчани во црква.

Ирена Цветковиќ, директор на Коалицијата "Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“
Ирена Цветковиќ, директор на Коалицијата “Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“

– Извадокот од учебникот се појави на социјалните мрежи и голем дел од самохраните мајки реагиравме, бидејќи тоа ги стави во дискриминирачка и вознемирувачка позиција нашите деца. Слична ваква содржина имаше и во градинката каде што оди моето дете и знам дека трауматично ја прими таа активност, како и другите деца од еднородителски семејства или оние кои се посвоени, вели Ирена Цветковиќ, која е потписник на претставката.

Како што вели таа, со оваа дискриминација биле погодени и родителот и детето, а впрочем многу од мајките споделиле и потресувачки искуства кога се разговарало за идејата да се поднесе претставка.

– При оваа дискриминација и детето и родителот се погодени. На Фејсбук кога ја отворивме дебатата за оваа содржина, многу мајки кои споделија искуства кои се соочија со оваа активност, раскажуваа потресителни и тажни приказни. Некои деца дома си одеа расплакани и не сакаа да одат на училиште бидејќи немаа фотографија да однесат, вели Цветковиќ.

Ист е мотивот и на Дороти Пачкова, самохрана мајка и активистка. И таа се приклучила во листата подносители на претставката поради дискриминаторската содржина во учебникот.

– Во учебниците како што утврдивме се дефинира семејство на еден единствен начин а тоа е дека семејство е заедница која е формирана од мајка, татко и деца. Ние како претставници на еднородителски семејства се најдовме дискриминирани, а исто така и Комисијата за антидискриминација утврди дискриминација конкретно кон сите деца кои се дел од еднородителски семејства и не живеат со двајца родители.

Дороти Пачкова, организација „Една Може“

– Имаме таргетирано уште неколку учебника, меѓутоа истото се случува и во државните јавни установи кои згрижуваат деца од претшколска воразст каде бараат да се нацртаат членовите од семејството и да постават слики од свадбите на родителите, а имаме големи број на членки кои имаат деца надвор од брак или со исчезнат родител, а тие деца се исто така дискриминарани бидејќи не можат да да постават непостоечки слики, реагира Пачкова.

Содржината од овој учебник е спротивна на Законот за семејство кој гарантира еднаквост на децата родени во брак и надвор од него, спротивна на Законот за спречување и заштита од дискриминација, кој забранува дискриминација врз основа на брачен и смеен статус во образованието и спротивна на целите на основното образование согласно Законот за основно образование, и правото на образование на секое дете без дискриминација.

Министерката за образование и наука, Рената Дескоска, неодамна најави ревизија на речиси сите учебници на сите образовни нивоа и отстранување на дискриминирачката содржина.

Таа потенцираше дека на ревизијата ќе работат експерти и комисии и секоја содржина за која ќе се утврди дека е погрешна, односно дека поттикнува говор на омраза или дискриминација, ќе биде отстранета.

– Со оглед на тоа што јавноста честопати беше соочена со примери на учебници во коишто имаме погрешни констатации, каде што има говор на омраза, каде што има дискриминаторски ставови и предрасуди значи сите учебници ќе бидат отворени на процес на ревизија во целокупното образование со цел да се отстранат грешките коишто учениците ги учат, посочи министерката.

Таа потенцираше дека не смее да се дозволи учениците да учат од погрешни учебници или учебници што ги учат на предрасуди, дискриминација, со говор на омраза и слично, и дека за ова треба да се направи сериозна реформа.

говор на омраза дискриминација МОН образование општество ревизија учебник
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.