Author: Xhabir Deralla
На вчерашниот настап на МТВ, претседателот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски, го повтори ставот на оваа партија дека преговарачката рамка на ЕУ формирана, врз основа на таканаречениот „француски договор“, го негира македонскиот идентитет и јазик.
Често се вели дека наставниците треба да се третираат како херои во едно општество со оглед на нивната одговорност за развојот и едукацијата на идните генерации но иронично кога ќе се погледне нивната плата тие и понатаму се далеку од тоа како општествата гледаат на нив.
Пишува: АНА ЧУПЕСКА Летото, Вархеј ја прозва опозицијата да даде свој придонес во дебатата наместо да покренува контроверзни иницијативи и упати порака до оп озицијата да не си подигрува со чувствата на македонските граѓани. Ги повика да делуваат во согласност со тоа што го изјавуваат во врска со ЕУ: …”Искрено се надевам дека сите партии, вклучително и опозицијата ќе работат за европската иднина, дека нема да започнат со контроверзии и предизвикување емоции кои нема да ја однесат земјата напред. Ги читав изјавите на опозицијата, тие секогаш тврдат дека се посветени да се случи ова членство на земјата во ЕУ. Ајде…
Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ Не читам закони, устави, нацрт-документи, блупринтови, европски извештаи, јас читам „фина литература“, притоа не живеам во четири sида, се мешам и комуницирам со луѓе, и гледам околу себе. Што може да ми каже Европскиот извештај, која умна глава може да испише „вординг“ што подобро ќе ми ги објасни луѓето, феномените и појавите во мојата земја од мене самиот?
Пишува: ЗОРАН БОЈАРОВСКИ Највисокото тело на ЕУ – Европскиот совет донесе одлука за потпишување на договорот за соработка во управувањето со границите меѓу Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) и Северна Македонија. Советот ќе ја испрати нацрт-одлуката за склучување на договорот до Европскиот парламент за негова согласност преведен на 25 јазици, меѓу кои и на македонски јазик и доставен до земјите членки на Европската Унија.
Престројувањата во десницата предизвикаа „смена на дресовите“ и во медиумите блиски до политичките и бизнис структурите. Така, откако ВМРО-ДПМНЕ го погоди гром со политичкиот развод на Стевчо Јакимовски од Христијан Мицкоски, порталот Инфомакс кој е под контрола на „громовци“, сѐ почесто излегува со откритија на „валканите гаќи“ на довчерашните сојузници.
Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА Осудата на ѕверското, одмаздничко и злосторничко дивеење на руската воена машинерија е обврска на секој човек кој знае што е човечко достоинство, емпатија и солидарност.
Честит 11 Октомври, Ден на антифашистичкото востание. Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА Антифашизмот не е само политичко движење. Човек не мора да биде дел од организирана структура или група, за да биде антифашист. Тоа не мора да биде јавно декларирана позиција, ниту пак тоа може да биде професија. Тоа е состојба на умот, начин на кој се однесуваме кон сите состојби, настани, процеси и појави во општеството. Но тоа што сигурно не може да се каже за еден/една антифашист-ка е дека тој или таа сигурно не ги задржува своите ставови и мисли само за себе. Антифашизмот подразбира и гласно изразување на ставовите,…
Европската комисија денеска ги прави последните проверки на текстовите од Извештаите на напредок за земјите од Западниот Балкан. Овие редовни извештаи на европската администрација за напредокот на земјите од регионот во исполнување на европските агенди пред јавноста ќе биде презентиран во текот на утрешниот ден.
Мостот на Путин ја доживеа истата судбина како и оние на Хитлер и Сталин. Треба тоа да се запомни. Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА Кримскиот мост беше симбол на Путинова мегаломанија и неговата злосторничка доктрина за присвојување на Украина и бришење на украинската нација. Тој нареди изградба на овој мост веднаш по окупацијата на Крим во 2014 година, по што го прогласи големиот украински полуостров за руска територија. За да го зацврсти руското владеење со овој дел од украинската територија, тој го поврза рускиот регион Краснодар Крим со мост долг 19 километри на кој има автопат и железничка пруга.
Премиерот Димитар Ковачевски во гостување во информативниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 вели дека стагфлацијата не е непознат во економијата и го има и во другите држави. Стагфлација е состојба на економијата која се карактеризира со општ скок на цените инфлација со пад на производството. „Тоа е дел од извештајот на Светската банка кој што се однесува на Северна Македонија, меѓутоа доколку ги видите извештаите и за другите држави, тогаш ќе видите дека тој феномен важи и за другите држави, вклучително најмногу европските држави. Феноменот на стаглфлација не е непознат во економијата, тој се има случувано, тоа се негативни стапки на економски раст,…
Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА Мултимилијардерот Илон Маск се „прослави“ со својот Твит во кој „мудро“ и „непристрасно“ ја претстави својата „визија“ за мир меѓу Русија и Украина. Неговото „височество“ на својот твит му додаде и анкета, божем, не мора да значи дека твитот е негово мислење, туку ги изнесува своите предлози на гласање. Нешто како „еве, само гласно си размислувам.“ Чиста манипулација. Еве што напиша Илон Маск: Украинско-руски мир: – Повторете ги изборите во анектираните региони под надзор на ОН. Русија ќе замине ако тоа е волјата на народот. – Крим формално е дел од Русија, како што беше од 1783 година (до…